Може ли да се спречи појавата на стрии во бременост?
Стриите за многу жени претставуваат естетски проблем, кој понекогаш влијае и врз нивната самодоверба, бидејќи поради нив не се задоволни од изгледот на телото.
Првите симптоми на рана бременост се различни кај секоја жена. Кај некои симптомите се поизразени, а други, пак, не чувствуваат никаква промена. Некои од симптомите не се специфични само за бременоста. За тоа како да се препознаат и на кои знаци треба да им се обрне внимание „Мама не си сама“ разговараше со доц. д-р Корнелија Трајкова, специјалист гинеколог акушер во клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Прв и најчест симптом на бременост е изостанокот на менструално крвавење при редовен менструален циклус и сомнение за можна бременост. Најсигурен доказ е тестот за бременост, комерцијален или лабораториски, преку анализа на урина или на крв. Другите симптоми се несигурни и не се специфични само за бременоста. Може да се појават во различен период со различен интензитет, но може и целосно да изостанат. Многу од нив може да бидат симптоми и за некоја друга здравствена состојба, вели д-р Трајкова.
Кои промени настануваат во организмот на жената?
Гинекологот Корнелија Трајкова посочува дека со почетокот на бременоста настануваат физиолошки промени во организмот на жената, кои се одразуваат со различни, очекувани знаци, односно симптоми.
Според гинекологот Корнелија Трајкова, клучно е, доколку комерцијалниот тест за бременост е позитивен, да се закаже гинеколошки преглед за потврдување на бременоста. Позитивниот тест е само доказ дека постои бременост, но ултразвучниот преглед е клучен за потврда на местото и на развојот на бременоста.
Стриите за многу жени претставуваат естетски проблем, кој понекогаш влијае и врз нивната самодоверба, бидејќи поради нив не се задоволни од изгледот на телото.
Редовните прегледи и анализи во текот на бременоста се од клучно значење за навремена детекција на ризик-фактори и на отстапувања
Присуството на таткото за време на овој процес може да има огромно значење не само за него туку и за мајката и за бебето.