Радоста за мајчинството започнува уште од осознавањето за првите отчукувања на срцето на новиот живот што го носи идната мајка во себе. Мајчинството со себе носи блескави моменти исполнети со многу емоции, љубов, среќа, но и со секојдневни предизвици.
Бременоста и раѓањето на новороденчето се време на брз раст и на промени што можат да предизвикаат моќни емоции, кои се движат од радост и возбуда до страв и вознемиреност. Хормоналниот дисбаланс, намалениот сон, новите одговорности и зголемените очекувања се дел од мајчинството.
Секоја мајка различно се приспособува на својата нова улога во животот и тоа е период кога таа има потреба од безусловна поддршка.
Затоа ја создадовме платформата „Мама не си сама“, за да помогнеме во градењето позитивно родителско искуство.
Преку оваа платформа сакаме да овозможиме поддршка во решавањето на повеќето предизвици што можат да се појават за време на бременоста и по породувањето, како и на предизвиците поврзани со здравиот раст и развој на најмилите.
Во соработка со еминентни доктори стручњаци во својата област, креиравме едукативни содржини на различни теми, кои ќе помогнат за решавање на дилемите поврзани со родителството.
За полесно пронаоѓање на бараните одговори, платформата „Мама не си сама“ содржи chatbot-опција.