Кои прегледи и кога треба да ги направите ако сте бремена?
Редовните прегледи и анализи во текот на бременоста се од клучно значење за навремена детекција на ризик-фактори и на отстапувања
Породувањето е можно на два начина: по природен пат или со царски рез. Статистичките податоци покажуваат дека една третина од бебињата денес се раѓаат со царски рез. Некои жени самостојно одлучуваат да се породат на ваков начин, а други, пак, со одлука на лекарите поради ризик за мајката или за бебето. Според доц. д-р Корнелија Трајкова, специјалист гинеколог акушер во клиничката болница „Аџибадем Систина“ вагиналното (природно) породување треба секогаш да биде прва опција онаму каде што нема никаква причина за породување со царски рез. Кај одреден процент од бремените жени царскиот рез е неопходен и одлична опција за успешен исход, односно за добивање здраво бебе и здрава мајка, вели за „Мама не си сама“ гинекологот Трајкова.
Гинекологот Корнелија Трајкова за „Мама не си сама“ подетално ги објаснува двата начина на породување, колку време траат, но и кои се разликите во процедурата, заздравувањето и во компликациите.
Природно породување
При вагиналното породување мајката минува низ процесот на породување. Времетраењето на породувањето варира, но се состои од 4 фази, посочува д-р Трајкова.
Според гинекологот Трајкова, кај некои жени може да се понудат и да се дадат лекови за забрзување на процесот, т.н. активно водење на раѓањето, како и епидурална аналгезија со цел намалување на интензитетот на болките, но во ситуација кога за тоа има услови, односно медицински оправдана причина.
Според гинекологот Трајкова, кај некои жени може да се понудат и да се дадат лекови за забрзување на процесот, т.н. активно водење на раѓањето, како и епидурална аналгезија со цел намалување на интензитетот на болките, но во ситуација кога за тоа има услови, односно медицински оправдана причина.
Породување со царски рез
Гинекологот Трајкова посочува дека царскиот рез е оперативно завршување на раѓањето, односно раѓање на бебето по хируршки пат, преку отвор на долниот дел на стомакот на жената. Може да биде планиран, односно елективен или итен.
Таа објаснува дека царскиот рез се прави со анестезија, најчесто спинална, со цел блокада на долната половина од телото, кога жената е свесна, но не чувствува болка и има можност да го види бебето веднаш по раѓањето. Во ретки случаи е неопходна општа анестезија. Операцијата вообичаено трае околу еден час и има одреден процент на ризик, како и секоја хируршка процедура.
Според гинекологот Трајкова, вообичаено, закрепнувањето по царски рез е подолго во споредба со вагиналното раѓање. Процесот на породување е помалку болен (без контракции, без туркање), особено кај елективниот царски рез, но се чувствува поинтензивна болка по породувањето, што е спротивно на вагиналното породување, каде што болката е вообичаено поинтензивна при процесот на раѓање, а закрепнувањето по породувањето е многу побрзо и полесно. Сепак, современите лекови за олеснување на болката помагаат да се обезбеди добра контрола врз болката.
Редовните прегледи и анализи во текот на бременоста се од клучно значење за навремена детекција на ризик-фактори и на отстапувања
Здравата исхрана е најдобриот начин за да се добијат потребните витамини и минерали.
Кај некои симптомите се поизразени, а други, пак, не чувствуваат никаква промена.