Може ли да се спречи појавата на стрии во бременост?
Стриите за многу жени претставуваат естетски проблем, кој понекогаш влијае и врз нивната самодоверба, бидејќи поради нив не се задоволни од изгледот на телото.
Породувањето е еден од најубавите и најемоционалните моменти во животот на еден пар. Присуството на таткото за време на овој процес може да има огромно значење не само за него туку и за мајката и за бебето. За тоа зошто присуството на партнерот за време на породувањето е важно и како може тој да биде поддршка во овој посебен чин, „Мама не си сама“ побара стручно мислење од прим. д-р Марина Поп-Лазарова.
Колку трае породувањето и колку фази има?
Доктор Поп-Лазарова потенцира дека должината на породувањето е различна. Очекувано е подолго да трае кај прворотки отколку кај повеќеротки, но во просек од 15 до 20 часа. Таа ги објаснува фазите и што се случува во текот на целиот процес.
Прва фаза на породувањето
Во првата фаза од породувањето болката е предизвикана од контракциите (стегањето) на матката, почетокот на отворањето на грлото на матката и од растегнувањето на нејзиниот долен дел. Оваа фаза е најдолга и, како што веќе споменавме, никогаш не може да се предвиди како ќе го толерира секоја жена овој период. Покрај методите за обезболување, кои имаат свое место во оваа фаза (епидуралната анестезија), особено е важна психолошката поддршка што родилката ја добива во овој период. Комфорното сместување, опкружувањето, амбиентот и присуството на нејзините најблиски (пред сѐ, партнерот) имаат силно влијание во позитивна смисла. Студиите покажуваат дека од тоа зависи и должината на оваа фаза од породувањето, која значително се скратува во тие околности, посочува педијатарот.
Втора фаза на породувањето
Во втората фаза од породувањето доаѓа до целосно ширење на грлото на матката, растегнување на вагиналниот прегиб и до постепено спуштање на бебето низ родилниот канал, период кога болката се интензивира и го менува својот карактер. За среќа, оваа фаза е многу пократка, но поинтензивна и завршува со раѓање на бебето очекувано повеќе месеци. Присуството на партнерот во оваа фаза е пожелно, но не е задолжително и обврзувачко. Претставува личен избор на парот и е навистина индивидуален, а е условен од многу фактори (предрасуди, можност за претходна подготовка за породување, лична психолошка подготвеност и компензирање на емотивното доживување), кои, секако, меѓу себе се условуваат, објаснува д-р Марина Поп-Лазарова.
Зошто треба татковците да присуствуваат на породувањето?
Од нашето досегашно искуство, морам да кажам дека помладите парови се поподготвени за оваа ситуација и ја доживуваат многу природно и позитивно. Имаме често случаи каде што имало двоумење, но со поддршка од медицинската екипа партнерот влегол во родилната сала и бил присутен на овој уникатен чин и доживување. Имено, тоа се и зборовите со кои ги мотивираме да бидат присутни на ова ексклузивно случување, кое има животно значење и смисла, а кое се случува толку ретко во животот, вели педијатарот и набројува дел од емоциите кои можат да се доживеат кога бебето ќе дојде на свет.
Порака за идните татковци
Доктор Марина Поп-Лазарова ги охрабрува идните татковци да размислуваат за свое присуство за време на породувањето и да бидат во поголем број присутни во родилните сали покрај своите сопруги за да им дадат поддршка, а истовремено и за да го споделат овој незаборавен, радосен момент во животот. Нашиот одговор на оваа дилема е ДА!
Стриите за многу жени претставуваат естетски проблем, кој понекогаш влијае и врз нивната самодоверба, бидејќи поради нив не се задоволни од изгледот на телото.
Колку време трае бременоста, како се развива фетусот, кога почнуваат да се оформуваат органите на бебето...
Редовните прегледи и анализи во текот на бременоста се од клучно значење за навремена детекција на ризик-фактори и на отстапувања