Зошто е добра физикалната терапија кај бебињата?
Многу често физикалната терапија се состои само од следење на развојот на бебето или од советување на родителите како да постапуваат со бебето за да го поттикнат развојот на правилен начин.
Дали има простор за загриженост ако на кожата на главата на новороденчето се појават наслојки во форма на лушпи? За каква состојба станува збор, зошто се јавуваат и во кои случаи да се побара лекарска помош, за Мама не си сама објаснува проф. д-р Катерина Дамевска, специјалист дерматовенеролог на Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје.
Наслагите на скалпот се вообичаена појава кај новородените. Станува збор за најлесна форма на себороичен дерматит, која обично спонтано поминува во првите месеци и не предизвикува болка ниту јадеж кај детето. Се нарекува crаdle cap (crustalactea), а во народниот јазик се користат термините млечна краста и ира. Се манифестира со жолтеникави, масни наслаги во централните делови на скалпот, присутни при раѓањето и во првите месеци од животот. Промените ретко перзистираат (траат) повеќе од една година. Во најголем број случаи млечната краста не е медицински проблем и не бара лекување. Често родителите непотребно инсистираат на брзо решение и на целосно симнување на наслагите, вели професорката по дерматологија.
Причини за појава
Според дерматологот Дамевска, основна причина се хормоните од мајката кои преминале кај детето. Тие ги стимулираат лојните жлезди на скалпот за да лачат повеќе себум. Втора причина е зголеменото присуство на една квасница malassezia, на која ѝ одговара богатството на излачените масти. Тоа не значи инфекција затоа што оваа квасница е вообичаено присутна на кожата кај децата и кај возрасните.
Како се манифестира (изгледа) млечната краста?
Знаци на млечна краста се масните наслојки (лушпи) во централните делови на скалпот, често со благо црвенило во околината, објаснува професорката Дамевска и посочува дека постојат две форми:
Според неа, млечната краста не е причина за нелагодност, болка или за јадеж кај детето.
Како се лекува?
Професорката по дерматологија Дамевска вели дека најчесто млечната краста постепено поминува во првите месеци од животот, без специфичен третман. Кај поизразените форми советува да се применат едноставни постапки за симнување на лушпите:
По неколку третмани лушпите може целосно да исчезнат. Состојбата може да се повтори. Тоа не е необично затоа што масни лушпи ќе се создаваат сѐ додека има зголемена секреција од лојните жлезди, посочува дерматологот.
Кога да се побара лекарска помош?
Професорката Дамевска советува да се консултирате со дерматолог или со педијатар доколку:

Други причини за лушпи на скалпот
Според професорката Дамевска, втора причина за лушпи на скалпот е атопискиот дерматитис (хронично воспаление на кожата). Во тој случај, промени има и во други регии. Важна разлика е што кај атопискиот дерматит промените силно чешаат.
Таа посочува дека поретки причини се присуството на вошки, како и габичните и бактериските инфекции.
Чести заблуди и грешки
Дерматологот проф. д-р Катерина Дамевска за Мама не си сама посочува кои се најчестите заблуди и грешки кај родителите за оваа состојба и го советува следново:
Многу често физикалната терапија се состои само од следење на развојот на бебето или од советување на родителите како да постапуваат со бебето за да го поттикнат развојот на правилен начин.
Слухот е од клучно значење за правилен развој на говорот, јазикот и комуникацијата кај децата. Затоа, уште во првите денови по раѓањето е важно да се провери дали новороденчето слуша добро.
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела.