Зошто многу новороденчиња добиваат жолтица и кога е опасна?
Неонаталната жолтица, или бебешка жолтица, е состојба која се јавува кај многу новороденчиња, кога кожата и белките на очите добиваат жолта нијанса.
Ротавирусот е еден од најчестите причинители на акутна дијареја кај бебињата и кај малите деца. Оваа инфекција може да предизвика:
Во некои случаи, особено кај многу мали деца, ротавирусната инфекција може да доведе до потреба од болничко лекување поради сериозна дехидрација. Според Светската здравствена организација (СЗО), речиси секое дете во светот ќе биде заразено со ротавирус барем еднаш до својата 5-та година, освен ако не се вакцинира. За каква вакцина станува збор и што треба да знаат родителите „Мама не си сама“ побара одговори од д-р Сузана Финдаковска, специјалист педијатар во Отсекот за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца во Поликлиника „Јане Сандански“ при ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Вакцината RotaTeq во нашата држава се применува од 2019 година. Од разбирливи причини, во периодот на епидемија на корона не беа вклучени сите деца во имунизацијата со вакцината RotaTeq. Но денес имунизацијата со вакцината RotaTeq се спроведува успешно и навремено. Тоа особено се однесува на децата чии родители веќе имале искуство со инфекција предизвикана од ротавирусот и се свесни за придобивките од оваа вакцина, вели педијатарот.
Зошто треба да го вакцинирате детето?
Според д-р Финдаковска, вакцината RotaTeq го штити вашето дете од инфекција со ротавирус. Се работи за гастроинтестинална инфекција која се одликува со многубројни, повторувачки повраќања и со обилни, течни столици кои го исцрпуваат детето, кое бргу дехидрира и најчесто завршува на инфузиска терапија во болница. Но, тоа не е сѐ. Ротавирусот е многу агресивен вирус кој ги уништува цревните ресички во кои се наоѓа ензимот одговорен за варење на млекото. Така, детето и натаму има многубројни течни столици, кои кај едно доенче кај кое основна храна е млекото доведуваат до потхранување и до пад на телесната тежина.
Каква вакцина се користи во Македонија?
Педијатарот Финдаковска објаснува дека вакцината која се практикува во нашата држава е петтовалентна, што значи дека содржи пет типа на живи видови на ротавирусот. По давањето на вакцината, имунолошкиот систем на бебето ќе создаде антитела против типовите на ротавирус кои најчесто се јавуваат.

Како и кога се дава вакцината?
Педијатарот Финдаковска објаснува дека вакцината RotaTeq е единствена по неколку работи:
- Се дава орално (бебето ја пие од туба со единична доза, посебна за секое бебе).
- Се работи за жива вакцина. Имено, вирусот се излачува преку плунката и изметот на бебето, а тоа може да ги зарази родителите и сите лица во непосредната околина. За да се спречи тоа, доволно е да се спроведуваат вообичаените мерки на хигиена (темелно миење раце), кои секако се рутина во негата и грижата околу доенчето. Посебно внимание да им се обрне на лицата со намален имунитет (бремените жени, лицата кои примаат имуносупресивна терапија, лицата со малигни заболувања). Како и другите вакцини, вакцината RotaTeq не може целосно да ги заштити децата, па затоа треба да се внимава и на контактите со постарите браќа и сестри, кои се веќе вакцинирани.
- Вакцината RotaTeq се аплицира во три единични дози, за кои производителот поставил возрасна граница, која сите ние – вакциналните тимови, родителите и матичните лекари – ќе се трудиме да ја испочитуваме. Првата доза може да се даде на возраст од шест недели, а најдоцна до дванаесеттата недела од животот. Препораките се сите три дози да бидат дадени до возраст од 20 до 22 недели, а најдоцна до возраст од 32 недели. Овде посебно сакам да нагласам дека вакцината е особено важна за предвремено родените бебиња, кои имаат незрел имун систем, па затоа ги поканувам родителите да дојдат во вакциналните пунктови час поскоро по отпуштањето од родилиште за да се изготви персонализиран план за имунизација на нивното дете – за „Мама не си сама“ советува специјалистот по педијатрија.
Кога треба да се одложи имунизацијата?
Докторката објаснува дека контраиндикациите за давање на вакцината RotaTeq се исти како и за другите вакцини. Доколку вашето дете има тешка инфекција проследена со висока температура, ќе биде неопходно имунизацијата да се одложи до целосно закрепнување на детето. Благите настинки и течењето на носот не се контраиндикации за давање на вакцината. Ова е сѐ со цел имунизацијата да биде комплетирана со трите дози затоа што за вакцината RotaTeq не постои catch up календар како за другите вакцини. Посебни контраиндикации за вакцината RotaTeq се вродените аномалии на гастроинтестиналниот тракт, кои доведуваат до опструкција на цревата, а кои може да бидат и предиспозиција за пролапс. Околу тие состојби потребни се претходна консултација со детски хирург и мислење од него, препорачува д-р Финдаковска.
Дали треба да се дава истовремено со други вакцини?
Вакцината RotaTeq може да се дава истовремено со други препорачани вакцини, што е и целта на современата имунизација – помалку посети на вакциналниот пункт, помалку боцкање на бебето и помалку стрес за родителите, посочува педијатарот.
Кои се можните несакани ефекти од вакцината?
Според д-р Финдаковска, несаканите дејства од вакцината се многу ретки. Најчесто бебињата многу добро ја поднесуваат вакцината. Можни се течна столица и благи грчеви на стомачето, кои поминуваат спонтано или со доза на пробиотик. Најтешки несакани реакции се алергиската реакција и интусусцепцијата, кои се исклучително ретки.
Неонаталната жолтица, или бебешка жолтица, е состојба која се јавува кај многу новороденчиња, кога кожата и белките на очите добиваат жолта нијанса.
Да се става бебето на стомак е важно за неговиот развој.
Многу често физикалната терапија се состои само од следење на развојот на бебето или од советување на родителите како да постапуваат со бебето за да го поттикнат развојот на правилен начин.