Кои се придобивките од мајчиното млеко за бебето?
Мајчиното млеко го подобрува имунитетот на детето и ја намалува можноста за развој на болести подоцна во животот – алергии, астма, разни видови инфекции, дијабетес, прекумерна тежина...
Неонаталната жолтица е честа појава кај новороденчињата, а се манифестира со жолтеникава боја на кожата и на белките на очите. Таа настанува поради зголеменото ниво на билирубин во крвта, супстанција која се создава при распаѓањето на црвените крвни клетки. Обично почнува од главата и се шири надолу кон екстремитетите, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Љуљета Беќири, специјалист по педијатрија во ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Кај новороденчињата црниот дроб сè уште не е целосно зрел и не може доволно бргу да го обработи билирубинот. Како резултат на тоа, тој се таложи во организмот и предизвикува жолтеникава пребоеност. Жолтицата обично се појавува 2-3 дена по раѓањето и во најголем број случаи е безопасна и привремена. Генерално, неонаталната жолтица не бара никаков третман, меѓутоа ако концентрациите на билирубин во крвта се зголемуваат над нормалните вредности, треба да се третира бидејќи може да предизвика невролошки оштетувања (керниктерус). Многу е важно да се стимулираат мајките за доење, особено при пројава на жолтица. Поради големата застапеност на неонаталната жолтица, важно е да се обработат и да се земат предвид сите ризик-фактори кај мајката и кај новороденото, како што се телесната тежина на новороденото, гестациската старост, рано прснатиот воденик, инфекциите или другите болести кај мајката, крвната група, Rh-факторот и недостигот на глукозо-6-фосфат дехидрогеназа, вели педијатарот.
Видови неонатална жолтица
Во зависност од причинителот, постојат повеќе видови неонатална жолтица, посочува д-р Беќири.

Како се третира неонаталната жолтица?
Според педијатарот д-р Љуљета Беќири, клинички жолтицата се проценува според Крамер на убава дневна светлина и преку биохемиските испитувања билиметар или транскутан билинометар. Неонаталната хипербилирубинемија се третира со фототерапија, која може да биде конвенционална или интензивна, со ексангвинотрансфузија како инвазивна метода преку која се елиминираат сензибилизираните антитела на мајката од крвта на новороденото, како и со билирубинот, фармаколошки третман со давање фенобарбитон или интравенски имуноглобилини и металпорфирини, кои се во еспериментална фаза.
Важно е да се спомeне дека со добро водење на бременоста, правење соодветни скринизи, одредување на крвните групи кај двајцата родители, профилакса со Rh(D)immunoglobulin (RhoGAM), како и со обновување на знаењата на медицинскиот персонал и на условите во медицинските установи, хипербилирунемиите успешно се третираат со конзервативен третман, со исклучително ретка потреба од поинвазивни методи како што е ексангвинотрансфузијата – потенцира докторката.
Мајчиното млеко го подобрува имунитетот на детето и ја намалува можноста за развој на болести подоцна во животот – алергии, астма, разни видови инфекции, дијабетес, прекумерна тежина...
Во некои случаи, особено кај многу мали деца, ротавирусната инфекција може да доведе до потреба од болничко лекување поради сериозна дехидрација.
Кога доенчето ќе наврши 4 месеци, може да се започне со воведување еден оброк наместо еден подој или млечен оброк.