Предвремено родени бебиња – големи предизвици за малите херои!
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела.
Воспаление на кожата со црвенило во пределот покриен со пелени се јавува речиси кај секое бебе, дури и при најдобра хигиена и нега. Дали пеленскиот дерматитис може да му наштети на новороденчето, како да се смири иритацијата и кога да се побара лекарска помош од педијатар и од дерматолог, за Мама не си сама објаснува проф. д-р Катерина Дамевска од Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје.
Пеленскиот дерматитис е најчестата дерматолошка состојба кај доенчињата. Може да се јави кај секое доенче, дури и при најдобра нега и грижа. Станува збор за воспаление на кожата (дерматит) во зоната покриена со пелена. Најчесто се работи за лесна иритација, која поминува со едноставни постапки, но некогаш е силно изразена за што е неопходна консултација со лекар, вели професорката по дерматологија.
Причини за појава на воспалението
Според дерматологот д-р Дамевска, оваа регија е постојано влажна и изложена на урина и на фецес. Пелената создава специфични микроуслови (влажна и топла комора), што ја олеснува иритацијата. Најчести причини се реткото менување на пелените, малите пелени кои предизвикуваат триење, како и зачестена дијареа. Најчесто се јавува на возраст од 4 до 12 месеци, особено во периодот на внесување цврста и разновидна храна.
Како се манифестира пеленскиот дерматит?
Професорката по дерматологија д-р Катерина Дамевска посочува дека воспалението започнува како црвени полиња, најпрвин на проминентните делови (со поштеденост на дното на наборите на кожата), со можност да се прошири на целата зона покриена со пелената.

Како се лекува пеленскиот дерматитис?
Дерматологот Дамевска советува дека најчесто се доволни следните едноставни мерки со кои кожата може да заздрави за 2-3 дена:
Кога да се побара лекарска помош?
Според професорката по дерматологија, родителите треба да се консултираат со дерматолог или со педијатар во следните ситуации:
Други причини за црвенило и за ранички во пеленската регија
Втора причина за црвенило во пеленската регија е инфекцијата со кандида, која често се надоврзува на обичниот пеленски дерматит.
Поретки причини се контактниот алергиски дерматит, недостигот од цинк, стрептококната перијанална инфекција, стафилококната инфекција (импетиго), имунодефициенциите и малнутрициите, вели дерматологот.
Чести заблуди и грешки
Професорката по дерматологија Катерина Дамевска од Клиниката за кожни болести ги споделува следните корисни медицински информации за пеленскиот дерматит (воспаление со осип на кожата кај бебињата во пределот покриен со пелени):
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела.
Слухот е од клучно значење за правилен развој на говорот, јазикот и комуникацијата кај децата. Затоа, уште во првите денови по раѓањето е важно да се провери дали новороденчето слуша добро.
Раѓањето на детето е еден од најважните моменти во животот на секое семејство. Покрај грижата за растот и развојот на новороденчето, од клучно значење е и навременото откривање на одредени здравствени состојби кои не се видливи при раѓање.