Нормални промени во бременоста или знаци за депресија
Бременоста е период кој е проследен со голем број промени и предизвици.
Создавањето релација мајка–дете во првата година по породувањето е од исклучителна важност и за мајката и за идниот развој на бебето. Психијатарот Славица Арсова за „Мама не си сама“ посочува дека во текот на таа година бебето, кое ја напушта ,,безбедната средина“ од утробата на мајката и се судира со надворешниот свет, целокупната сигурност и задоволувањето на своите потреби ги добива преку мајката.
Менталното здравје на мајката е многу важно за да се поврзе со бебето
Според психијатарот Арсова, доколку мајката е во добра општа состојба, вклучувајќи го и менталното здравје, тогаш таа ќе успее да се поврзе со бебето и да му даде чувство на сигурност, безбедност, задоволство и на спокој. Доколку, пак, мајката е исплашена, несигурна во својата улога на мајка, напната и нерасположена, тогаш создавањето на таа релација мајка – дете е отежната или неможна. Во оваа смисла на зборот, секако, влијание имаат повеќе фактори, и тоа психичката состојба на мајката, релацијата со партнерот и со другите членови на семејството, како и помошта и поддршката од нив. Постојат семејства во кои сето ова изостанува или семејства во кои се случуваат чести конфликтни ситуации и насилство или, пак, такви во кои условите за живот се неповолни, па така семејната средина од посакувана, безбедна и сигурна станува место каде што владеат стравот, несигурноста и тагата,за „Мама не си сама“ објаснува проф. д-р Славица Арсова, психијатар и раководител на Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување на Универзитетската клиника за психијатрија.

Таа додава дека поврзувањето на беспомошното бебе со мајката е услов за напредок и за развој на бебето како на когнитивен така и на емоционален план.
Бременоста е период кој е проследен со голем број промени и предизвици.
Паровите или поединечно жената или мажот кои не можат да имаат деца и кои поминуваат низ третман на стерилитет можно е да се соочат со одредени психолошки предизвици
Анксиозното растројство е често растројство со кое се соочуваат сѐ поголем број деца и млади.