Како да препознаете дека детето има анксиозност?
Анксиозното растројство е често растројство со кое се соочуваат сѐ поголем број деца и млади.
Како што мајката се грижи за новороденчето така треба да се грижи и за сопственото здравје. И покрај сите обврски во текот на денот, родилките мора да најдат време и за себе затоа што за здраво бебе потребна е здрава мајка. Ова го советува д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
За „Мама не си сама“ д-р Дамјановиќ посочува дека за жената мајчинството е искуство кое ја менува секојдневно; животен предизвик во кој сакаме да го заштитиме и да го чуваме своето бебе во безбедна средина за да расте здраво. Соочувајќи се со промените на телото под дејство на хормоните при бременоста, телото на идната мајка се менува, а по раѓањето секојдневните обврски околу новороденото дополнително влијаат да се почувствува истоштено, несигурно, а понекогаш и несреќно.
Родителството е проследено со стресни ситуации!
Доктор Дамјановиќ објаснува дека раното родителство не го следат секогаш само убави работи. Стресот предизвикан од загуба на член на семејството поради болест или поради несреќа, од загуба на работното место на партнерот, од елементарна непогода и слично негативно се одразува врз психичкото здравје на мајката во вид на анксиозност и на депресивност. Според психијатарот, овие состојби на мајката треба сериозно да се согледаат и да се побара соодветна помош и од семејството и од стручни лица.
Мајката треба да се грижи и за себе!
Според психијатарот Дамјановиќ, како што мајката се грижи за своето новородено така треба да се грижи и за сопственото здравје и благосостојба. Во текот на денот мајката треба да најде време за себе, за прошетка, за здрав сон, за здрава исхрана, време за нега и за себеразгалување... Чувајќи и негувајќи си ги своето тело и својот ум, преку читање на омилената книга и преку слушање на омилената музика, мајката го јакне своето родителско искуство. Таа е позитивна и со нежност, љубов и со трпеливост се поветува на секојдневните потреби на своето новородено, посочува докторката.
Анксиозното растројство е често растројство со кое се соочуваат сѐ поголем број деца и млади.
Дали промените по породувањето се вообичаени и нормални или, пак, станува збор за постнатална депресија,
Бременоста е период кој е проследен со голем број промени и предизвици.