Релацијата мајка – дете е многу важна за развојот на детето
Создавањето релација мајка–дете во првата година по породувањето е од исклучителна важност и за мајката и за идниот развој на бебето.

Паровите или поединечно жената или мажот кои не можат да имаат деца и кои поминуваат низ третман на стерилитет можно е да се соочат со одредени психолошки предизвици, вклучително и со анксиозно - депресивни состојби. За тоа како идните мајка и татко полесно да поминат низ тој период и да ги зголемат шансите за забременување „Мама не си сама“ побара совети од психијатарот Славица Арсова од Клиниката за психијатрија.
Психијатарот Арсова посочува кои психолошки тешкотии е можно да се јават во текот на процесот на фертилизација, односно период кога партнерите сакаат да имаат дете, а се соочуваат со неможност за забременување.
Во текот на третманот на ваквата ситуација, и кај идната мајка и кај идниот татко може да се јави чувство на несигурност, намалена самодоверба, нерасположение и на раздразливост; чувство на недоволна реализираност или на завист, на различност од околината, како и на неможност за исполнување на очекувањата и од себе, но и од средината. Третманот на состојбите на стерилитет е долготраен процес кој вклучува голем број фармаколошки и други процедури кои може да придонесат за пад на распложението и за појава на анксиозно-депресивни состојби. Во вакви ситуации се препорачува мултидисциплинарен пристап, кој вклучува стручњаци од различни области, а, секако, и вклучување психијатар/психолог токму поради превенцијата или третманот на реактивните анксиозно-депресивни состојби. Состојбите третирани на ваков начин ги редуцираат напнатоста и депресивност и се основен услов за активно справување со стресогеноста во рамките на стерилитетот и за зголемување на шансите за уредно забременување, вели проф. д-р Славица Арсова од Клиниката за психијатрија.

Зошто процесот на третман на стерилитетот е ризик-фактор за развој на одредени депресивни тешкотии?
Професорката Арсова објаснува дека кај секоја возрасна индивидуа во текот на развојот на личноста, покрај другите нагонски динамизми, се развива и родителскиот нагон.
Создавањето релација мајка–дете во првата година по породувањето е од исклучителна важност и за мајката и за идниот развој на бебето.
Анксиозното растројство е често растројство со кое се соочуваат сѐ поголем број деца и млади.
Дали промените по породувањето се вообичаени и нормални или, пак, станува збор за постнатална депресија,