Како да препознаете дека детето има анксиозност?

Според истражувањето на Државниот завод за статистика, девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години во земјава се анксиозни. Загрижува што бројот на вакви случаи постојано се зголемува. За тоа како родителите да препознаат дека нивните деца имаат стравови и загриженост, кои се симптомите и кога да побараат стручна помош „Мама не си сама“ побара совети од д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје

  • Анксиозното растројство е често растројство со кое се соочуваат сѐ поголем број деца и млади. Нормално е децата и младите повремено да се чувствуваат загрижено или анксиозно при тргнување во детска градинка или на училиште или при преселба со родителите. Но доколку загриженоста и анксиозноста влијаат врз нивното однесување и размислување, со засегнување на академското постигнување на училиште, семејните односи и на социјалното живеење, потребата за посета на стручно лице-, психолог и психијатар, е неопходно потребна, вели д-р Дамјановиќ.

 

Причини за анксиозност кај децата и кај младите

Според психијатарот Љубинка Дамјановиќ, причина за анксиозност кај децата и кај младите најчесто се семејно насилство меѓу родителите, загуба на близок член во семејството или на другарче (во последниот период зачестена поради пандемијата на COVID 19), менување на училишната или на семејната средина поради преселба, боледување од сериозна болест или повреда по несреќа, на пример, сообраќајна незгода, каснувањето од куче, елементарна непогода (земјотрес, поплава, пожар...). Меѓу причините за појава на анксиозност се училишниот неуспех, справувањето со врсничкото насилство од другарчињата во училишната средина и во претшколските установи, злоупотреба или занемарување на детето од лицата кои се грижат за него...

 

Кои се симптомите на анксиозност кај децата и кај адолесцентите?

Манифестацијата на анксиозноста кај децата и кај адолесцентите е во вид на тешкотии со концентрацијата, тешкотии со спиењето, ноќни кошмари, месечарење, проблеми со исхраната, лутење и беснење без причина, постојана загриженост, негативни чувства и мисли, чувство на напнатост и потреба од играње со спинери, зачестено користење на тоалетот, потоа плачење, како и поплаки за болки во стомакот и за главоболки, посочува д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар.

Таа додава дека сепарациската анксиозност е почеста кај помалите деца кога тргнуваат во детска градинка или на училиште, додека, пак, поголемите деца и адолесцентите се соочуваат со загриженост за училишниот успех и со социјална анксиозност.

 

 

Релацијата мајка – дете е многу важна за развојот на детето

Создавањето релација мајка–дете во првата година по породувањето е од исклучителна важност и за мајката и за идниот развој на бебето.

Нормални промени во бременоста или знаци за депресија

Бременоста е период кој е проследен со голем број промени и предизвици.

Драга мама, грижата за себе по породувањето е исклучително важна за здравјето на твоето бебе!

И покрај сите обврски во текот на денот, родилките мора да најдат време и за себе затоа што за здраво бебе потребна е здрава мајка.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!