Летна забава без ризик: совети за заштита на децата од сонцето
Сончевата светлина е важна за нашето здравје – помага во создавањето витамин Д и во подобрувањето на расположението и е корисна за коските.
Убодите и каснувањата од инсекти се чест проблем кај децата, особено во топлите месеци, кога тие поминуваат повеќе време надвор. Иако во најголем број случаи станува збор за безопасни и минливи реакции, понекогаш тие можат да предизвикаат посериозни здравствени состојби. Затоа е важно родителите да знаат како да ги препознаат симптомите, кога да реагираат и како да ги заштитат своите деца. На оваа тема „Мама не си сама“ разговараше со д-р Александра Андреевска, специјалист по семејна медицина.
Како се разликуваат убодите и каснувањата од инсектите?
Иако често се користат како синоними, постои разлика. Кога инсект ќе ве касне, тој користи делови од устата. Кога инсект ќе ве убоде, тој го користи својот посебен жилец на задниот дел од телото. Оваа разлика е важна затоа што убодите почесто предизвикуваат побрзи и поинтензивни реакции поради испуштањето отров, објаснува докторката.
Што е нормална реакција на убод од инсект?
Најчесто реакцијата на убод или на каснување е локална и безопасна, вели доктор Андреевска и ги посочува симптомите:
Овие симптоми обично се појавуваат веднаш или во рок од неколку часа и исчезнуваат за 1 – 3 дена.
Кај некои деца може да има и поголема локална реакција (поголем оток или црвенило), но и тоа најчесто не е опасно и се повлекува постепено.

Како да се ублажи реакцијата дома?
- Измијте го местото со сапун и со ладна вода.
- Одржувајте го чисто и немојте да го чешате.
- Поставете ладна, влажна крпа на местото.
- Земете или нанесете лек против чешање.
- Земете лек кој не е на рецепт.
Кога реакцијата бара внимание?
Родителите треба да бидат внимателни ако се појават:
Овие симптоми може да укажуваат на посилна реакција или на секундарна инфекција.
Кога е потребна брза медицинска помош?
Постојат ситуации кога убодот може да биде опасен и бара итна реакција:
Ова се знаци на алергиска реакција (анафилакса) и бараат итна медицинска интервенција, предупредува специјалистот по семејна медицина.
Кои инсекти можат да бидат опасни за децата?
Иако повеќето инсекти се безопасни, некои можат да предизвикаат сериозни проблеми, предупредува докторката:
1. Пчели, оси и стршлени
- Можат да предизвикаат алергиски реакции.
- Убодите се болни и понекогаш опасни.
2. Крлежи
- Можат да пренесат инфекции (на пример, лајмска болест).
- Често остануваат закачени за кожата.
3. Комарци
- Обично се безопасни, но можат да пренесат инфекции во одредени региони во светот.
- Кај некои деца предизвикуваат силни локални реакции.
4. Болви и вошки
- Предизвикуваат чешање и кожни иритации.
- Можат да доведат до инфекции од чешање.
Убод од крлеж – што треба да знаат родителите?
Крлежите се наоѓаат во тревата и на грмушките и можат да се прикачат на кожата на децата кои минуваат покрај нив. Еден вид крлеж може да пренесе лајмска болест. Но, крлежот мора да остане прикачен некое време пред да може да ја пренесе инфекцијата, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Андреевска.
- Ако вашето дете го касне крлеж, внимателно отстранете го од кожата со помош на пинцета. Зачувајте го крлежот така што ќе го запечатите во парче проѕирна лента. Ако не можете да го зачувате, обидете се да ги запомните неговата боја и големината. Ова може да му/ѝ помогне на вашиот доктор / на вашата медицинска сестра да утврди дали е тоа видот на крлеж кој пренесува лајмска болест. Побарајте медицинска помош ако:
- не можете да го отстраните крлежот од вашето дете;
- ако има температура или осип во следните неколку недели;
- ако мислите дека крлежот е прикачен за кожата на детето најмалку 36 часа (ден и половина).
Вашиот доктор или вашата медицинска сестра потоа може да одлучи дали детето треба да земе антибиотик кој ќе помогне да се спречи лајмската болест. Докторите го препорачуваат ова само во некои ситуации, а тоа зависи од возраста, местото на живеење, видот на крлежот и од тоа колку долго бил прикачен, потенцира специјалистот по семејна медицина.
Како да ги заштитите децата?
Превенцијата е најважна, посочува д-р Андреевска и советува што да направите:
Облека
Репеленти
Проверка на телото
Околина
Навики
Убодите од инсекти се дел од детството и најчесто не се причина за загриженост. Сепак, важно е родителите да знаат да ги препознаат нормалните реакции, но и оние кои бараат брза медицинска помош. Со правилна заштита и навремена реакција ризиците може значително да се намалат, а децата безгрижно да уживаат во играта на отворено, советува д-р Андреевска.
Сончевата светлина е важна за нашето здравје – помага во создавањето витамин Д и во подобрувањето на расположението и е корисна за коските.
Едно од најчестите прашања што си го поставуваат родителите е дали нивното дете расте и се развива нормално во согласност со својата возраст.