Совети од педијатар ако детето има хронична кашлица
Зошто децата често кашлаат, што ја предизвикува кашлицата, на кои болести хроничната кашлица може да биде симптом, кога родителите да побараат лекарска помош и како се лекува?
Покачената телесна температура кај децата често ги загрижува родителите, но, според лекарите, таа, во најголем дел од случаите, е природна и корисна реакција на организмот. Зголемената температура не е болест, туку симптом, знак дека телото се бори со инфекција, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Татјана Вучидолова, специјалист по семејна медицина во ПЗУ „Киндер медика“.
Зголемената телесна температура или фебрилноста е одбранбена реакција на организмот на некоја инфекција или на некое друго нарушување во организмот. Покачената температура сама по себе не е опасна и не е болест, туку симптом на некоја инфекција или болест. Toa е нормална реакција на организмот на инфекцијата и му помага да се избори со неа бидејќи неповолно влијае врз развојот на многу вируси и бактерии. Способноста на организмот да развива висока температура укажува на силен организам и виталност. При висока температура се забрзуваат метаболичките процеси за 5- до 8-пати и се зголемува производството на интерферони, со што се спречува развојот на вируси. Количината на железо во крвната плазма се намалува, а тоа е важно за спречување на растот на бактериите. Исто така, се зголемуваат движењето и дејствувањето на белите крвни зрнца, кои ги уништуваат микробите. Затоа белите крвни зрнца (леукоцити) се покачени при инфекција. Тие се нашите војници кои се борат со бактериите и со вирусите, а по неколку дена, кога организмот ќе го победи непријателот, се нормализираат – вели д-р Вучидолова.
Причини за зголемена телесна температура во детската возраст
Според специјалистот по семејна медицина, најчесто во детската возраст зголемувањето на температурата настанува при акутни вирусни и бактериски инфекции. Но, зголемувањето на температурата може да настане и при други состојби и нарушувања во организмот: по вакцинација, при дехидратација, траума поради оштетување на ткивата, некои лекови, хормонално нарушување, при инфламаторни и автоимуни болести итн.
Зголемената телесна температура е помошник во борбата со инфекцијата бидејќи таа е неповолна за развојот на многу вируси и бактерии. Затоа, лекови за симнување на температурата (парацетамол и ибупрофен) се даваат ако температурата е над 38,5 степени, што го исцрпува детето и го нарушува неговиот комфор и сон. Дозирањето на лекот е според телесната тежина на детето. Oвие лекови се даваат по потреба кога детето има зголемена температура и не пречесто – на секои 6 часа може да се даде следната доза. Покрај лековите, може и да го разладите вашето дете. Кога сте во вашиот дом, соблечете го детето и не покривајте го! Голем број родители и речиси сите грижливи баби се плашат да го откријат детето за да не фати настинка. Ова е голема заблуда, но и опасност за детето. Претоплувањето на бебето дополнително ги зголемува температурата и ризикот од компликации. Ладењето е брз и ефикасен начин за намалување на температурата додека се чека лекот (антипиретик) да го оствари своето дејство. Децата треба да се истушираат со млака вода. Треба да се избегне ладна вода бидејќи е многу непријатна за загреаното дете. Но, наместо да се истушира детето, може и да се натопи памучна пелена со млака вода, а потоа со неа внимателно да се тапка детето кое седи или лежи, така што кожата ќе е покриена со капки млака вода. Подеднакво важно во тие моменти е доволно да го хидрирате детето (да цица и да пие доволно течности: вода, чај, супа, но, пред сѐ, електролити) – советува д-р Вучидолова.

Кога не треба да се намалува температурата?
При температура која не е повисока од 38 степени не се препорачувa спуштање, посочи докторката.
Затоа никако не треба да ја снижуваме температурата, освен кај децата кои направиле фебрилни конвулзии. Треба да се истакне дека вирусите кои предизвикуваат настинки и други респираторни инфекции напредуваат на нормална телесна температура, па со предизвикување состојба на малку зголемена температура организмот сака да ги елиминира. Стана вообичаена пракса при покачување на температурата родителите веднаш да го одведат детето кај неговиот матичен доктор или на дежурна служба. Тоа често е непотребно бидејќи го нарушува комфорот на болното дете, го изложува на непотребни дијагностички процедури, а често и на непотребна примена на антибиотици – вели д-р Вучидолова.
Температурата како сојузник
Уште во антиката лекарите ја препознавале важноста на температурата.
„Дајте ми можност да создадам покачена температура и ќе го излечам секој болен“, рекол Хипократ.
Затоа, телесната температура кај децата е нивниот пријател, а не непријател, заклучува д-р Вучидолова.
Зошто децата често кашлаат, што ја предизвикува кашлицата, на кои болести хроничната кашлица може да биде симптом, кога родителите да побараат лекарска помош и како се лекува?
Во детската возраст симптомите на уринарна инфекција зависат од јачината на инфекцијата и од возраста на пациентот.
Луѓето се раѓаат со четири основни чувства: радост, лутина, страв и тага. Потоа од нив произлегуваат другите чувства, меѓу кои се љубовта, изненаденоста, довербата, исчекувањето...