Кога треба да се почне со четкање на забите и да се посети стоматолог?
Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци.
Третиот крајник најчесто е проблематичен кај децата на предучилишна возраст. Кога детскиот организам, поради слабиот имунитет, не е во состојба да ги совлада микроорганизмите (вирусите и бактериите), доаѓа до воспаление на третиот крајник. Ваквата состојба ги загрижува родителите бидејќи децата имаат зголемена телесна температура, отежнато голтање и дишење, болки во ушите, спијат немирно, ’рчат... Доколку воспалението се повторува, родителите често се во дилема дали детето да биде лекувано со антибиотици или е подобро да го оперираат. За сите дилеми и прашања околу третиот крајник „Мама не си сама“ побара совети од д-р Веселинка Митровска-Јосифова, специјалист отоларинголог.
Кои се симптомите на зголемен трет крајник?
Според отоларингологот д-р Веселинка Митровска-Јосифова, децата со зголемен трет крајник имаат:
Како се дијагностицира зголемен трет крајник?
За дијагностицирање зголемен трет крајник д-р Веселинка Митровска - Јосифова вели дека се важни добро земената анамнеза од родителите од ОРЛ - специјалист, како и прегледот на ушите, носот и на грлото на детето. Потоа се визуализира третиот крајник со мала камера преку носот на детето за да се проценат неговата состојба и големината (фибернасофарингоскопија).
Кога треба да се отстрани третиот крајник?
Хируршкото отстранување на третиот крајник или аденоидектомијата е честа хируршка процедура што се изведува кај децата, заедно со отстранувањето на крајниците, посочува за „Мама не си сама“ отоларингологот д-р Веска Митровска - Јосифова и објаснува кога треба да се изведе оваа процедура.
Хируршкото отстранување на третиот крајник е брза процедура. Операцијата трае околу 30 минути, вели ОРЛ-специјалистот Митровска - Јосифова.
Кои се придобивките од отстранувањето на третиот крајник?
Отоларингологот д-р Веска Митровска-Јосифова им посочува на родителите дека отстранувањетона третиот крајник е безбедна операција која може да ги симптомите на нивното дете.
Кои се ризиците од отстранувањето на третиот крајник?
Според д-р Веска Митровска-Јосифова, специјалист за уво, нос и грло, отстранувањето на третиот крајник е безбедна процедура, но, како и кај секоја операција, постојат потенцијални (но ретки) ризици, меѓу кои инфекција, блага болка, реакција на анестезија, неуспех да се решат основните проблеми со дишењето, инфекции на увото итн.
Таа посочува дека, исто така, можно е третиот крајник да порасне повторно. Неможно е да се отстранат сите траги од ткивото бидејќи тој е многу назад во носниот премин. Ако ткивото продолжи да предизвикува проблеми, може да е потребна операција двапати. Ова е исклучително ретко, вели д-р Митровска - Јосифова.
Што добиваат децата по отстранувањето на третиот крајник?
По аденоидектомијата, односно отстранувањето на третиот крајник детето речиси секогаш има целосно закрепнување, објаснува отоларингологот.
Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци.
Статистички се смета дека децата стануваат зрели и способни да ги контролираат своите физиолошки потреби меѓу 18 и 24 месеци.
Зошто децата често кашлаат, што ја предизвикува кашлицата, на кои болести хроничната кашлица може да биде симптом, кога родителите да побараат лекарска помош и како се лекува?