Важноста на тоа бебињата и децата да се движат и да поминуваат време надвор
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.
Во денешно време сè повеќе зборуваме за загадување на воздухот, но што значи точно тоа и зошто треба да нè загрижува, особено кога станува збор за децата, „Мама не си сама“ побара одговори од д-р Маја Симончева, специјалист по семејна медицина во ПЗУ Смоковски.
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog). Toa сe чадот и гасовите испуштени од автомобилите, како и чадот од дивите депонии, фабриките, домаќинствaта. Зголемената бетонизација и густата населеност доведуваат до слаба циркулација на воздухот и до продор на ветрови, па така овој облак тешко се елиминира од воздухот и останува ниско во просторот каде што живееме и се движиме. Најопасни се честичките ПМ 2,5 и ПМ 10, кои со леснотија влегуваат во дишниот систем. Од гасовите особено штетни се сулфурните оксиди, азотните оксиди, CO2, CO, како и испарливите органски соединенија – објаснува докторката.
Загрижувачки податоци од УНИЦЕФ
„Почетоци без здив“ е последниот извештај од УНИЦЕФ за последиците од аерозагадувањето врз здравјето на децата. Над 5480 деца и тинејџери во регионот на Европа и Централна Азија починале поради причинители поврзани со загадениот воздух во текот на 2019 година.

Зошто децата се во најголем ризик?
Според специјалистот по семејна медицина, децата носат најголем ризик од аерозагадувањето поради својот физички развој. Како и другите органи така и белите дробови не се доволно развиени. Децата дишат со поголема фреквенција, па така навлегува поголемо количество на воздух во нивните бели дробови. Нивната подолготрајна изложеност на отворено е добра за социјалната и физичка благосостојба, но, од друга страна, штетна за нивното респираторно здравје.
Ефектите од загадениот воздух не започнуваат од раѓање. Тие се големи уште од утробата на мајката кога доаѓа до реструктуирање на белите дробови и до зголемен ризик од горнореспираторни заболувања: пневмонии, ХОББ, астма и алергии. Како резултат на аерозагадувањето, подоцна во животот се зголемува ризикот од развој на други болести, како на пример кардиоваскуларни заболувања или канцер. Исто така, раното изложување на загаден воздух доведува до оштетување на детскиот мозок и до ризик од невролошки заболувања, забавен раст и намалување на когнитивните способности. Има голем број студии кои укажуваат на поврзаноста на аерозагадувањето со аутизмот, особено влијанието на NO2. Први органи кои се изложени се очите. Преку носот, грлото и дишникот штетните честички доаѓаат до најситните дишни патишта, ја иритираат и ја оштетуваат нежната слузница, која е во развој, па така таа е поподложна на вирусни и на бактериски инфекции. Преку дишните патишта ПМ-честичките влегуваат во циркулацијата, а оттаму до сите органи. Секојдневно сме сведоци на сѐ почести респираторни инфекции, долготрајни кашлици и на алергиски реакции кај децата, посочува д-р Симончева.
Како да ги заштитите децата?
Иако загадувањето често изгледа како нешто што не можеме да го контролираме индивидуално, има многу чекори што можеме да ги преземеме како родители, граѓани и како општество за да ги заштитиме најмладите, посочува докторката и за „Мама не си сама“ споделува корисни совети.
Следете го индексот на загадувањето и избегнувајте да ги изнесувате децата надвор кога е висок. Користете го секој слободен момент да го изнесете своето дете на повисока надморска височина на чист воздух и сонце. Поголемите деца хранете ги здраво, со внесување свежо овошје, зеленчук и риба. Мајки, доjте ги своите бебиња колку што можете подолго зашто мајчиното млеко, покрај другите предности што ги има, дејствува и како природна бариера против честичките ПМ2,5 и против CO2 – препорачува д-р Симончева.
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.
Најчести причини за акутно воспаление на синусите од вирусна етиологија се: риновирусите, вирусите на грип и на параинфлуенца, аденовирусите и респираторниот синцицијален вирус
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.