Детето ви е бледо и уморно – дали станува збор за анемија
При анемија страдаат сите органи поради недостиг на кислород. Се јавуваат општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит и вртоглавица.
За тоа кога родителите треба да се посомневаат во уринарна инфекција кај децата, на кои симптоми според возраста треба да обрнат внимание, кога да го одведат детето на педијатар, како се откриваат и како се третираат овие инфекции за „Мама не си сама“ објаснува доц. д-р Надица Ристоска-Бојковска, детски нефролог во клиничката болница „Аџибадем систина“.
Децата со акутна уринарна инфекција (инфекција на мочниот меур) имаат дизурични тегоби (односно чести мокрења на 5 до 10 мин., болни мокрења, пецкање при мокрењето, крв во урината), но без појава на покачена температура.
Во текот на првиот месец од животот симптомите на уринарна инфекција се неспецифични. Кај новороденото се јавуваат и лесно покачена температура, но и други симптоми, како на пример вознемиреност, грчеви, плачливост и помала желба за внесување млеко, кои може да се знак за почеток на уринарна инфекција, вели докторката.
Какви испитувања се потребни за да се утврди уринарна инфекција?
Според детскиот нефролог д-р Ристоска-Бојковска, прво треба да се утврдат факторите кои доведуваат до инфекција и до оштетување на бубрегот: вродени или стекнати маани на уринарниот тракт, камчиња, везикоуретерален рефлукс (враќање на урината од мочниот меур во бубрезите).
Потоа е потребно утврдување на евентуалните промени на бубрезите, што може да биде знак за прогресивно создавање бубрежни лузни.
Се прават и испитувања за одредување на растот на бубрегот, што може да биде многу значајно при исходот и ефектот од третманот, посочува докторката и додава дека радиолошката евалуација на децата со уринарна инфекција вклучува комбинација од ехопреглед на бубрезите, уретерот и на мочниот меур, цистографија (це-ВУС), магнетна урографија (МР) и радиоизотопски иследувања (ДРЦГ, ДМСА – скен на бубрези).

Како се лекуваат уринарните инфекции?
Доктор Ристоска-Бојковска потенцира дека најпрвин е потребна брза и точна дијагноза, потоа избор на вистинскиот антибиотик, според антибиограмот на добиениот резултат од уринокултурата (на пр., цефалоспорин, нитрофурантоин, гентамицин, амикацин) и определување на временскиот период на лекување на уринарните инфекции.
При анемија страдаат сите органи поради недостиг на кислород. Се јавуваат општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит и вртоглавица.
Респираторниот синцицијален вирус е чест и потенцијално сериозен вирус кај доенчињата и малите деца во текот на зимските месеци.
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.