Како да превенирате уринарна инфекција кај детето?
Уринарната инфекција се дефинира како инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт
Да се биде родител на дете со забавен раст и развој не е проклетство, туку предизвик. Овие родители се херои со големи срца полни со љубов и со разбирање, посветени се, организирани и се жртвуваат за детето, но и за семејството. Истите позитивни карактеристики ги имаат и братчињата и сестричките на детето. Вака психијатарот Љубинка Дамјановиќ ги опишува родителите и старателите на деца со забавен раст и развој. Таа во разговор за „Мама не си сама“ го споделува своето искуство и посочува кога треба да се побара помош од поширокото семејство или од стручни лица
Секојдневната пракса како психијатар и комуникацијата со семејствата во кои има дете со забавен раст и развој е секогаш различен предизвик. Живеењето во вакво семејство е поинтензивно како за родителите така и за братчињата и за сестричките.
Овие родители будат восхит со својата посветеност, со темелната организираност за секојдневните активности и со себепожртвуваноста за доброто на детето, вели д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во Заводот за ментално здравје „Младост“ при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
И тие родители понекогаш се соочуваат со проблеми и им е потребна помош!
Психијатарот Дамјановиќ, според своето искуство, посочува дека понекогаш се забележува анксиозност кај родителот или кај старателот на дете со забавен раст и развој, а понекогаш и депресивност. За овие работи треба да се разговара и да се најде решение за тоа како да се растовари родителот, како да се искористат семејните потенцијали и капацитети во грижата за детето со задоцнет развој и, доколку е потребно, да се упати родителот на психолошко советување, па дури и на психијатриски третман доколку е потребно.

Родителите треба да се грижат и за другите деца
Братчињата и сестричките на овие деца се со големо срце полно со љубов и имаат разбирање. Но да не заборавиме дека и тие се само деца, па да ги потсетиме родителите дека и со нив треба квалитетно да го поминуваат времето и да им бидат поддршка во текот на растот и развојот, советува психијатарот.
Овие родители се херои и вистински професионалци!
Да се биде родител или згрижувач на дете со забавен раст и развој не е проклетство, туку предизвик да се осознаат сопствените сили за справување со работните, економските и со семејните задачи на најбрз и на наједноставен начин, потенцира психијатарот Дамјановиќ.

Уринарната инфекција се дефинира како инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт
При анемија страдаат сите органи поради недостиг на кислород. Се јавуваат општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит и вртоглавица.
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.