Одморот со дете може да биде прекрасно искуство ако сте добро подготвени. Со правилно спакувани лекови, консултација со стручно лице и со заштита од сонце ќе имате помалку грижи, а повеќе уживање. Покрај облеката, играчките и кремовите за сончање, важно е да не заборавите на малата, но корисна патна аптека, особено ако патувате со мало дете. Кога се на ново место, децата се почувствителни, можат полесно да добијат треска, алергија, убод од инсект или да пројават желудочни проблеми, за „Мама не си сама“ посочува д-р Јасна Јермилова, специјалист педијатар од ПЗУ „Медика МИМ“.
- Децата можат бргу да се разболат или да се повредат, а на одмор најчесто сте далеку од матичниот лекар или од аптека. Некои места немаат достапна здравствена установа, а и лековите што ги има во странство не се секогаш исти со оние што ги користите дома. Затоа е добро да бидете подготвени со основни лекови и средства за прва помош, за да реагирате навреме и без паника, вели докторката.

Кои лекови треба да се носат?
- Педијатарот Јасна Јермилова од ПЗУ „Медика МИМ“ споделува корисни совети за тоа кои лекови треба да се најдат во вашата аптека кога одите на летен одмор со дете.
- Лек за температура и болка. Антипиретикот, односно лекот кој ја намалува покачената телесна температура е речиси секогаш препорачан од матичниот лекар. Фебрилноста е симптом кој се јавува при вирусни и бактериски инфекции, но и при прегреаност на телото, односно сончаница. Во пракса, препораката се однесува на Парацетамолот или на Ибупрофенот, препарати кои имаат и аналгетско дејство и кои се препорачуваат за смирување болка од каква било природа. И да не се заборави: секогаш при покачена температура треба да се зголеми внесувањето течности. Покачената температура на телото е проследена и со зголемо губење соли и вода од телото, па затоа препораката за употреба на раствори за рехидратација е задолжителна.
- Антиалергиски лек (антихистаминик). Алергиите во летните месеци се многу чести и се резултат на преголемата чувствителност на одреден тип храна, полен, убоди од инсекти, контакт со алергени, како и на преголемата чувствителност на сончевото зрачење. Тоа ја наметнува потребата од лек од групата на антихистаминици (Лоратадин, Цетиризин, Рупатадин), во форма на сируп или на таблети, во зависност од возраста на детето. Со оглед на фактот дека кожните манифестации не се секогаш резултат на алергија, пред употреба на лекот да се консултирате со лекар. Локалните антиалергиски препарати во форма на маст или на крем се препорачуваат за третман на помала и локализирана кожна алергиска реакција.
- Лек од избор при одредени цревни вирусни инфекции, како и при употреба на антибиотици се пробиотиците. Пробиотските култури се важни за одржување нормална функција на дигестивниот тракт, ги помагаат варењето на храната и формирањето на столицата, но, исто така, се важни и за одржување на општиот имунитет.
- Повраќањето како симптом е многу чест при патување. За жал, не постои типичен препарат индициран за овој симптом, кој е карактеристичен за детската возраст. Препораката е да се земаат раствори на база на ѓумбир, кој помага за смирување на тегобите и за рехидратација.
- Фластери, газа, дезинфекциско средство – за мали повреди.
- Крем за заштита од сонце, со висок фактор (SPF 50+)
- Ако детето користи редовна терапија, таа треба да биде на прво место во вашата патна аптека, потенцира докторката.

Дали е потребна консултација со лекар или со фармацевт пред патување?
Педијатарот Јермилова од ПЗУ „Медика МИМ“ пепорачува да се консултирате со матичниот педијатар или со фармацевт пред патување, особено ако:
- детето има хронична болест или алергии;
- патувате во странство или во подрачја каде што има зголемен ризик од инфекции;
- сакате да носите лекови што не сте ги користеле претходно;
- лекарот може да ви препорача специфични лекови или вакцинации според дестинацијата.
Како да ја заштитите детската кожа од сонцето?
Сончевите зраци се корисни за детското здравје. Под нивно дејство се генерира витаминот Д, кој е важен за правилен раст и развој на детето. Но, прекумерната изложеност на сонце може да претставува и здравствен проблем. Прекумерното изложување на УВА- и на УВБ-зраците може да предизвика изгореници на кожата, како и појава на рак на кожата подоцна во животот. Кожата е орган кој памети, потенцира д-р Јермилова, специјалист по педијатрија од ПЗУ „Медика МИМ“.
- Детската кожа е многу чувствителна. Таа е тенка, порозна и сиромашна со меланин. Децата кои имаат светол тен, бледа кожа и светли очи се особено чувствителни на сончевите зраци. Бебињата до 6 месеци, генерално, не треба да бидат изложени директно на сонце. За постарите доенчиња (до 1 година) се препорачува краткотраен престој на сонце во периодот до 10 часот претпладне и по 18 часот попладне, со заштитен фактор. Не треба да бидеме штедливи при употреба на заштитата. Мачкајте ја кожата на детето повеќепати со дебел слој на крем. Употребувајте препарат за сончање приспособен на детската кожа. Тој се апсорбира побргу, обезбедува хидратација на кожата и има висок заштитен фактор (СПФ 50). Производот треба да е дерматолошки тестиран и пожелно е да содржи минерален филтер, кој обезбедува дополнителна заштита. На крај уште една препорака: не преоблекувајте го вашето дете. Главата заштитете му ја со капа, а другиот дел од телото со лесна памучна облека, за „Мама не си сама“ советува педијатарот Јасна Јермилова од ПЗУ „Медика МИМ“.