Дијареја и повраќање кај децата – дали станува збор за гастроентероколит?
Бебињата кои се исклучиво на мајчино млеко често имаат кашеста столица, што, исто така, не е дијареја.
Не само бебето, туку придобивки од доењето има и мајката. Тоа е процес кој е од исклучителна важност како за развојот на новороденчето така и за родилката, пред сѐ за нејзиното ментално здравје. Голем број истражувања укажуваат на редукција, односно на намалување на напнатоста, стресот и на депресивноста кај мајките кои успешно поминале низ процесот на доење, за разлика од мајките кои од различни причини го прекинале тој процес. За „Мама не си сама“ психијатарот Славица Арсова објаснува дека при процесот на доење се овозможува побрзо поврзување со бебето, а и контактот лице в лице или очи в очи, како и контактот со допир е посилен кај мајките кои дојат.
Се смета дека процесот на доење го намалува ризикот од развој на депресивност во постнаталниот период преку повеќе елементи. Имено, овозможува побрзо и поквалитетно поврзување со бебето, полесна невербална комуникација со него, следење на неговите потреби, редукција на стравот врзан околу правилната нега, чувство на задоволство од својата улога како мајка и задоволно и среќно бебе. При процесот на доење се зголемува и излачувањето на т.н. хормони на среќа (серотонин, допамин, окситоцин), кои, пак, од своја страна, го подобруваат расположението, ги намалуваат напнатоста и вознемиреноста, го регулираат сонот и ја поттикнуваат волјата. Сето ова е како магичен позитивен синџир. Доењето овозможува поврзување со бебето. Тоа се врзува за мајката, нахрането е, задоволно, сигурно и спокојно, а мајката се чувствува посигурно во својата улога, ѝ растат самодовербата и расположението и има време за одмор и за себе, вели проф. д-р Славица Арсова, психијатар на Клиниката за психијатрија.
Во текот на целиот овој процес кај некои мајки сѐ се одвива полесно и побргу, но кај некои има одредени тешкотии во однос на започнувањето и на одржувањето на доењето. Токму во однос на тоа од неизмерна важност се помошта и поддршката од семејните членови (родители, партнер) или од стручните лица, како на пример патронажни сестри или други кои се обучени во таа област и кои можат да ѝ помогнат на мајката во совладувањето на оваа вештина. Мајките кои ги доеле своите бебиња овозможуват и редукција на ризикот од нарушување на емоционалниот и на когнитивниот развој на бебето. Истражувањата велат дека доенчињата чии мајки ги доеле или комбинирале со исхрана преку шише биле со појасни и со побрзи одговори на дразбите од околината, па и со побрз и со подобар емоционален и когнитивен развој, вели психијатарот.

Бебињата кои се исклучиво на мајчино млеко често имаат кашеста столица, што, исто така, не е дијареја.
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.
Статистички се смета дека децата стануваат зрели и способни да ги контролираат своите физиолошки потреби меѓу 18 и 24 месеци.