Грип или РСВ? Најважните разлики што секој родител треба да ги знае
Вирусните инфекции се едни од најчестите причини за заболување кај децата, особено во есенските и во зимските месеци.
Зошто децата често кашлаат, што ја предизвикува кашлицата, на кои болести хроничната кашлица може да биде симптом, кога родителите да побараат лекарска помош и како се лекува? Одговор на овие прашања „Мама не си сама“ побара од педијатарот д-р Елена Ѓиновска-Тасевска.
Кашлицата е природен одбранбен рефлекс со кој се чистат дишните патишта од секрет и од одредени туѓи честички и кој штити од аспирација на течност или на цврсти предмети во долните дишни патишта. Таа се развива интензивно од периодот на новородено, па сѐ до училишната возраст. Нормално е да е секојдневно присутна, особено кај малите деца. Но, иако кашлицата им припаѓа на одбранбените физиолошки механизми, многу често е симптом на болест, главно на рeспираторниот тракт, вели д-р Елена Ѓиновска-Тасевска, специјалист педијатар во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
Модерниот начин и режим на исхрана доведува до зачестена појава на деца со прекумерна телесна тежина, што, од друга страна, е причина за гастроезофагијален рефлукс или ларингофарингијален рефлукс, чиј единствен симптом може да биде хроничната кашлица. Трајната целогодишна изложеност на респираторни вируси во раната детска возраст доведува до раст на аденоидна вегетација (трет крајник), која сама по себе предизвикува кашлица. Се разбира дека не треба да ја заборавиме и да ја исклучиме психогената и хабитуалната кашлица, за која не постои органски причинител, но која, сепак, е често присутна, особено кај децата на возраст од 4 до 18 години, со најголема зачестеност на 10 години. Многу често овие деца имаат нарушен квалитет на живот и се лекувани со различни лекови кај повеќе специјалисти додека не се открие вистинската причина. Поради ова е многу важно кога зборуваме за хронична кашлица, да се помисли и на овој тип на кашлица, советува педијатарот Елена Ѓиновска-Тасевска од Клиниката „Козле“.

Иако функционалните тестови имаат важна улога во разјаснувањето на причините за хроничната кашлица, големо значење во дијагностиката имаат и оториноларинголошкиот ОРЛ-преглед, лабораториските иследувања, како и радиограмот на белите дробови и на срцето. Но, сѐ уште златен стандард во секојдневната клиничка пракса се исцрпната анамнеза и клиничкиот преглед, следењето на текот на болеста и одговорот на препишаната терапија, објаснува педијатарот д-р Елена Ѓиновска-Тасевска.
Вирусните инфекции се едни од најчестите причини за заболување кај децата, особено во есенските и во зимските месеци.
Родителството е како музиката – некои ноти се високи, а некои ниски, но секогаш е присутна мелодијата на среќата.
Голем дел од децата инфекциите ги поминуваат лесно, но кај некои тие можат да предизвикаат и посериозни компликации и децата да завршат во болница.