Зошто многу деца страдаат од воспаление на синусите?
Најчести причини за акутно воспаление на синусите од вирусна етиологија се: риновирусите, вирусите на грип и на параинфлуенца, аденовирусите и респираторниот синцицијален вирус
Многу деца се соочуваат со доцнење во развојот. Стручните лица се категорични дека родителите не треба да го кријат проблемот, ниту, пак, да го изолираат детето. За тоа како да ги забележат знаците, што да прават и кога да побараат соодветна стручна помош „Мама не си сама“ побара совети од д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар вo ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
Според психијатарот Дамјановиќ, идентификацијата на децата кои имааат тешкотии со учењето, како и доцнење во развојот е значајна и за родителите и за старателите, но и заради побрзо вклучување во третман и во стимулативна околина.
Тешкотиите може да бидат во вид на интелектуални тешкотии, тешкотии на соматски план, тешкотии со говорот и со учењето, како и оштетување на слухот и на видот. Овие тешкотии може да бидат препознаени од родителите, од лекарите при рутински контроли или од воспитувачките во градинките каде што се згрижени децата. Важно е да бидат што поскоро препознаени, дијагностицирани и дадени соодветни препораки за нивно надминување, вели д-р Дамјановиќ.
Таа потенцира дека забавен развој кај децата се јавува кај луѓе од сите етички групи, од секаква наобразба и од секаков социоекономски статус. За среќа, има достапни локални и државни институции, како и ресурсни центри кои ќе помогнат во дилемите околу задоцнетиот развој, но тие се и натаму во недоволен број.

На кои знаци родителите да обрнат внимание?
Доктор Дамјановиќ посочува кои се најчестите знаци на задоцнет развој кај децата кои родителите не треба да ги занемаруваат.
- Физички знаци на задоцнет развој кај децата се следниве: не ги користи рацете и нозете, има проблем со гледањето и со слушањето, не ја подигнува главата до 4. месец, не седи добро на 10 месеци и не сака да стои на 12 месеци, иако го придржувате.
- Социјални, емоционални и комуникациски знаци на задоцнет развој се следниве: детето нема интерес за тоа што се случува околу него, не воспоставува контакт со очите, не реагира соодветно на звук, не брбла на 9 месеци, користи помалку од 5 зборови на 18 месеци, има невообичаен плач, испушта крици и плаче подолго од три часа и по 9 месеци. Доколку се забележат овие знаци, родителите треба да се јават кај матичниот педијатар или кај семејниот лекар, кој ќе ја направи првата проценка и ќе ги упати на натамошни иследувања и испитувања кај стручни лица. Евалуацијата се прави за да се согледаат слабостите и силата на детето во 5 категории:
Во однос на добиените резултати од развојната проценка се прави план за рани интервенции. Доколку има тешкотии со слухот, се посетува аудиолог и се користат слушни апаратчиња. Може да се назначи работа со логопед или со дефектолог, советување на семејството, како и негова едукација. Може да се препрати на соодветен специјалист, на физикална терапија или на психолошко советување, советува д-р Дамјановиќ.
Најчести причини за акутно воспаление на синусите од вирусна етиологија се: риновирусите, вирусите на грип и на параинфлуенца, аденовирусите и респираторниот синцицијален вирус
Ноќното мокрење, познато и како енуреза, е чест проблем во детската возраст и претставува причина за загриженост кај многу родители.