Кај кои деца почесто се јавува воспаление на крајниците?
Групирањето на децата во затворени простории (училници, занимални, игротеки, клубови...) влијаат врз зголемувањето на отпорноста на вируси и на бактерии
Сведоци сме дека денешните деца уште од раѓање се со паметни телефони или со таблети во рацете. Не говорат на македонски јазик, туку се изразуваат со англиски зборови. Но дали познавањето на англискиот јазик на толку мала возраст е препорачливо и корисно ако детето не комуницира со најблиските на мајчиниот јазик и ако јазикот не го користи целесообразно, туку механички, како ехолалија (ги повторува зборовите кои ќе ги каже некој друг, а песничките ги кажува без разбирање). Оттука се поставуваат прашањата дали е потребен англискиот јазик на таа рана возраст, за што му користи на детето ако не знае самостојно да јаде или да се изрази за своите потреби и за што му користат овие вештини.
Kако оваа навика влијае врз говорот, но и врз психофизичкиот развој на детето и какви сѐ проблеми може да предизвика екранизмот за „Мама не си сама“ посочува д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. Таа потенцира дека во детската психијатриска пракса сѐ почесто се употребува терминот „екранизам“ или „дигитален аутизам“.
Според психијатарот Дамјановиќ, бебињата, како и децата до тригодишна возраст светот околу себе најдобро го спознаваат низ сензомоторичките активности. Потребно е истражување на околината преку сетилните органи за да се створат врски во мозокот кои ќе му овозможат на детето да учи и да живее правилно.

Како можат родителите да ги намалат штетите?
Психијатарот Љубинка Дамјановиќ сподели неколку совети за родителите за тоа како да ги намалат штетите кај своите деца од прекумерната изложеност на екрани:
Групирањето на децата во затворени простории (училници, занимални, игротеки, клубови...) влијаат врз зголемувањето на отпорноста на вируси и на бактерии
Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана.
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.