Кај кои деца почесто се јавува воспаление на крајниците?

Деновите со пониски температури и почетокот на учебната година, а со тоа и групирањето на децата во затворени простории (училници, занимални, игротеки, клубови...) влијаат врз зголемувањето на отпорноста на вируси и на бактерии, кои многу често предизвикуваат и воспаление на крајниците. Оваа состојба, покрај наесен, се јавува и назима, но и во раната пролет и е најчеста кај децата кои се на училишна возраст. За улогата на крајниците, зошто доаѓа до воспаление на овие лимфни јазли и колку е тоа опасно, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Веселинка Митровска - Јосифова, специјалист отоларинголог.

Палатиналните (непчаните) крајници се парни и се гледаат при рутински преглед – орофарингоскопија (преглед на ждрелото). Тие се дел од еден лимфен прстен (Валдејеров крајничен прстен). Тука спаѓа и третиот крајник (аденоидни вегетации), кој се наоѓа на сводот на ждрелото, зад носните ходници. Тој може да се визуализира само со ендоскопски преглед, т.н. фиберназофарингоскопија.
Крајниците помагаат да се филтрираат бактериите и вирусите за да се спречи ширење на инфекцијата.

Тие се прва линија на одбрана против патогените организми кои ќе навлезат во устата. Кога патогените микроорганизми се многу вирулентни или доколку е ослабен имунитетот на организмот, настанува воспаление на крајниците, односно тонзилитис. Тоа е многу честа состојба, најчеста кај децата на возраст од 5 до 10 години и кај младите меѓу 15 и 25 години, вели д-р Митровска - Јосифова, ОРЛ-специјалист.

Според отоларингологот, за оваа состојба треба да им се обрне внимание и на следните ризик-фактори:

  • возраст помеѓу 5 и 15 години;
  • имунолошки дефицит (слаб имунитет);
  • семејна историја на тонзилитис; 
  • контакт со заразени лица во затворен простор.

 

Што предизвикува воспаление на крајниците?

Причинители за воспаление на крајниците може да се вирусите и бактериите. Меѓу вирусите кои најчесто предизвикуваат тонзилитис се: аденовирусот, вирусот на грип и вирусот Епштајн – Бар (кој предизвикува акутна инфективна мононуклеоза – инфекција која е најчеста кај малите деца), посочува д-р Митровска - Јосифова и напоменува дека најчест причинител за бактериски тонзилитис е брта - хемолитчениот стрептокок, група А.

 

Симптомите се различни ако воспалението на крајниците е предизвикано од вируси или од бактерии

Отоларингологот Веселинка Митровска-Јосифова за „Мама не си сама“ ги набројува следните симптоми на воспаление на крајниците кај децата предизвикано од вируси:

  • воспалението почнува постепено;
  • умерена треска, пониска од 39 ºC;
  • црвенило на крајниците;
  • умерено болно грло;
  • мали јазли во вратот;
  • благо до умерено зголемување на големината на едната или на двете тонзили (крајници).

Симптомите на воспаление на крајниците предизвикано од бактерии се поагресивни:

  • воспалението почнува нагло;
  • висока температура, повисока од 39 ºC;
  • зголемување на лимфните жлезди на вратот (обично болно при палпација, односно пипкање);
  • главоболка или абдоминална (стомачна) болка;
  • гадење или повраќање;
  • крајниците се многу црвени, зголемени и на површината има присуство на мали крвавења, белузлави наслојки или на фокуси на гној.
 
 
Лекувањето на воспалените крајници зависи од тоа дали причина се вируси или бактерии
 
Според отоларингологот д-р Веска Митровска-Јосифова, третманот на вирусниот тонзилит е симптоматски:
- мирување,
- внесување течности,
- ибупрофен за намалување на температурата и на болката.
 
Доколку е бактериска инфекција, се дава и антибиотик (пеницилински препарат), а доколку постои алергија на него, се дава лек од групата на макролиди.
 
Кога да се оперираат крајниците?
 
  • Доколку детето има 5-7 епизоди на ангина во текот на 1 година, 5 епизоди годишно во последните 2 години или 3 епизоди годишно во последните 3 години.
  • Доколку постои слип апнеја кај детето.
  • Ако се јави компликација од стрептококна ангина како што е акутната ревматска треска (гломерулонефрит).
 
  • • Доколку настанат локални компликации:
  • - перитонзиларен апцес,
  • - парафарингеален апцес.

 

Какви компликации можат да предизвикаат вирусните инфекции кај децата?

Голем дел од децата инфекциите ги поминуваат лесно, но кај некои тие можат да предизвикаат и посериозни компликации и децата да завршат во болница.

Од симптоми до лекување – што треба да знаете за долнореспираторните инфекции кај децата?

Главен симптом на инфекцијата на долниот респираторен тракт е кашлицата, која може да биде напорна како за детето така и за родителите, потенцира педијатарот и ги наведува и другите симптоми.

Исхраната е многу важна за когнитивниот развој на детето

Масните киселини омега 3 се есенцијални масни киселини и се неопходни за раст и развој на многу системи на органи, особено на нервниот и на кардиоваскуларниот систем.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!