Стилови на родителство

 

„Психологијата денес идентификува 4 стилови на воспитување на децата. Секој има свои пособени карактеристики, а и секој однос родител – дете е уникатен, поради што се случува да не е секогаш можно во секоја ситуација и кај секоја индивидуа да се применува само еден стил“, потенцира психологот Адмир Косоврасти и ги објаснува стиловите на родителство, како и ефектите што ги имаат тие врз децата.

 

 

 

 

 

АВТОРИТАРНО РОДИТЕЛСТВО ЕФЕКТИ
Авторитарните родители бараат од децата слепо следење на правилата што ги поставуваат без образложение; прекршувањето на правилата го казнуваат, често и физички; наметнуваат многу барања и строга дисциплина, а даваат малку љубов и не комуницираат отворено; покажуваат крутост и не даваат можност за избор и за слобода на изразување; ги обесхрабруваат независноста и индивидуалноста. Децата на овие родители се послушни и исполнителни, но несреќни; несигурни се и имаат ниско себепочитување; лесно се вознемируваат и често се однесуваат агресивно; може да пројават склоност кон ризично однесување; претежно воспоставуваат површни односи со врсниците; потешко се приспособуваат во социјалната средина.

 

ПОПУСТЛИВО РОДИТЕЛСТВО ЕФЕКТИ
Попустливите родители не поставуваат јасни правила на однесување; малку се ангажираат во воспитувањето и во подучувањето на своите деца; не ги поттикнуваат и не ги насочуваат децата кон зрело и одговорно однесување; не комуницираат оптимално со децата; одбегнуваат да преземат одговорност во формирањето на однесувањето на децата; се обидуваат да им ги исполнуваат сите желби на децата и им дозволуваат да прават што сакаат, кога сакаат и како сакаат; градат повеќе пријателски отколку родителски односи со децата, т. е. немаат родителски авторитет. Децата на овие родители емоционално подоцна созреваат, не се доволно одговорни, имаат ниско себепочитување, низок праг на  толеранција на фрустрација и низок степен на контрола на импулсите и на потребите; може да пројават склоност кон агресивно и/или кон ризично однесување; упорни се во барањето начини за привлекување внимание кон себе, при што може да ги прекршуваат правилата и законот; имаат проблеми со авторитети и постигнуваат слаби резултати во училиште; лесно се впуштаат во обвинување други лица за сопствените тешкотии и неуспеси.

 

НЕЗАИНТЕРЕСИРАНО РОДИТЕЛСТВО ЕФЕКТИ
Незаинтересираните родители се насочени кон задоволување на сопствените потреби; малку комуницираат со децата, неодговорни се, ги отфрлаат или ги занемаруваат децата, имаат многу ниски барања и очекувања од децата и ги задоволуваат само нивните основни потреби; не споделуваат нежност, минимално се вклучени во животот на децата (на пр. многу ретко го прашуваат своето дете како му поминал денот во училиште, кои му се пријатели, дали има некаков проблем и сл.).    Децата на овие родители се недоволно самостојни и имаат низок степен на самоконтрола; несигурни се и имаат ниска самодоверба; недоволно се вешти во социјалните односи, огорчени се на своите родители и во многу случаи се отуѓуваат од нив во младоста; осамени се, исплашени и анксиозни; малку се заинтересирани за училишните обврски; во адолесценцијата често манифестираат антисоцијално однесување (на пр. се оддаваат на проституција, консумираат алкохол и наркотични средства и сл.).

 

ДЕМОКРАТСКО РОДИТЕЛСТВО   ЕФЕКТИ
Демократските родители им поставуваат на децата јасни правила и соодветни барања; ги разбираат, ги поддржуваат децата и не се наметнуваат; отворени се за комуникација, поттикнуваат размена на мислења и на искуства; грижливи се и даваат многу љубов и топлина; доследни се и постојани во постапките и во однесувањето; ги вклучуваат децата во донесувањето на дел од семејните одлуки; поттикнуваат независност и индивидуалност, но и придржување до прифатените правила; користат позитивно поткрепување за учење на посакуваното однесување. Децата на овие родители се одговорни, независни и имаат повисока самодоверба и себепочитување; имаат добра самоконтрола, среќни се и успешни, подготвени за соработка и за помагање; имаат високи училишни постигнувања; подобро се приспособуваат во социјалната средина (на пр. имаат поквалитетни односи со врсниците и со наставниците). 

 

Според психологот Косоврасти, секојдневната практика покажува дека родителите не спаѓааат само во една категорија, туку во зависност од ситуацијата, на пример, еднаш се попустливи, другпат се авторитативни. Многу често авторитативните родители одат од една во друга крајност. Кога ќе претераат со казните, тогаш се премногу попустливи и дозволуваат сè како надомест за преголемата строгост, што ги збунува децата уште повеќе.

 

 

Детето ги имитира родителите
 

„Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана. Готов и уникатен рецепт за успешен родител нема, а уште помалку за совршен, но, сепак, родителството се учи и се усовршува“, посочува психологот.
„И би завршил повторно со метафората ’детето треба да се едуцира 20 години пред да биде родено’, што подразбира дека родителот треба да биде едуциран и емоционално стабилен, присутен со јасни и со недвосмислени пораки, како и со јасни граници“, вели специјалистот по медицинска психологија и порачува: „Детето не слуша што му зборуваме, туку гледа што правиме, а потоа нѐ имитира“.

 

„Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана. Готов и уникатен рецепт за успешен родител нема, а уште помалку за совршен, но, сепак, родителството се учи и се усовршува“, посочува психологот.
„И би завршил повторно со метафората ’детето треба да се едуцира 20 години пред да биде родено’, што подразбира дека родителот треба да биде едуциран и емоционално стабилен, присутен со јасни и со недвосмислени пораки, како и со јасни граници“, вели специјалистот по медицинска психологија и порачува: „Детето не слуша што му зборуваме, туку гледа што правиме, а потоа нѐ имитира“.

Кај кои деца почесто се јавува воспаление на крајниците?

Групирањето на децата во затворени простории (училници, занимални, игротеки, клубови...) влијаат врз зголемувањето на отпорноста на вируси и на бактерии

Родителите на дете со забавен раст и развој се вистински херои!

Не бараат никакво оправдување, туку сигурно и стабилно чекорат низ животот.

Зошто малите деца не треба често да користат паметни телефони?

Паметните телефони, телевизијата и таблетите во овој период се пречка за развојот на детето.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!