Дијареја и повраќање кај децата – дали станува збор за гастроентероколит?
Бебињата кои се исклучиво на мајчино млеко често имаат кашеста столица, што, исто така, не е дијареја.
Од 2019 година календарот за редовна имунизација на децата во Македонија е проширен со две нови задолжителни вакцини – пневмококната вакцина Synflorix и вакцината против ротавирус. За пневмококната конјугирана вакцина Synflorix, нејзината улога во заштитата на детското здравје, можните несакани реакции и за значењето на редовната имунизација, Мама не си сама разговараше со д-р Адријана Ставревска, специјалист по педијатрија.
Од што штити вакцината Synflorix?
Synflorix е пневмококна, конјугирана вакцина која се применува кај децата на возраст од 6 недели до 5 години. Нејзината цел е да обезбеди заштита од бактеријата Streptococcus pneumoniae, објаснува докторката и додава дека таа бактерија може да предизвика сериозни заболувања како на пример:
Како дејствува вакцината?
По примањето на вакцината, организмот создава антитела кои се дел од имунолошкиот систем. Тие му помагаат на организмот да препознае и да се одбрани од бактеријата доколку дојде во контакт со неа.
Вакцината се аплицира интрамускулно, најчесто во бутот кај помалите деца или во надлактицата кај поголемите, посочува д-р Ставревска.
Можни несакани реакции
Како и сите лекови и вакцини и Synflorix може да предизвика несакани реакции. Најголемиот дел од нив се лесни, краткотрајни и поминуваат без последици, вели педијатарот Адријана Ставреска и ги објаснува сите реакции.
Многу чести несакани реакции
Се јавуваат кај повеќе од 1 од 10 вакцинирани деца и вклучуваат:
Чести несакани реакции
Се јавуваат најмногу кај 1 од 10 вакцинирани деца:

Невообичаени несакани реакции
Се јавуваат најмногу кај 1 од 100 вакцинирани деца:
Ретки несакани реакции
Се јавуваат најмногу кај 1 од 1.000 вакцинирани деца:
Многу ретки несакани реакции
Се јавуваат најмногу кај 1 од 10.000 вакцинирани деца:
Доколку по вакцинацијата забележите каква било несакана реакција или сте загрижени за здравствената состојба на детето, обратете се кај вашиот педијатар, советува д-р Ставревска.
Зошто е важна редовната имунизација?
Редовните вакцини се меѓу најефикасните мерки за превенција на заразните болести кај децата. Пред нивното воведување во редовната програма за имунизација, тие поминуваат низ темелни испитувања за да се потврдат нивната безбедност, квалитетот и ефикасноста.
Со навремената вакцинација децата развиваат долготрајна заштита од сериозните заболувања и од нивните компликации, што придонесува за здрав раст, правилен развој и за подобар квалитет на живот, категорична е педијатарот Адријана Ставреска и го споделува календарот за имунизација во Македонија, односно кои вакцини на која возраст треба да се примат.
|
КАЛЕНДАР НА ИМУНИЗАЦИЈА |
||
|
Возраст на лицата што подлежат на задолжителна имунизација |
ВАКЦИНИ |
КОМЕНТАР |
|
24 часа од раѓањето |
Хепатитис Бе |
Вакцинирање |
|
До 12 месеци |
Туберкулоза (BCG) |
Вакцинирање |
|
2 месеци |
Di-Te-Per, HiB, HepB, Polio |
Шествалентна вакцина |
|
3,5 месеци |
Di-Te-Per, HiB, Polio |
Петвалентна вакцина |
|
6 месеци |
Di-Te-Per, HiB, HepB, Polio |
Шествалентна вакцина |
|
12 месеци |
МRP (morbili, rubeola, pertussis) |
Вакцинирање |
|
18 месеци |
Di-Te-Per, HiB, HepB, Polio |
Шествалентна вакцина |
|
6 години |
MRP |
Ревакцинирање |
|
7 години |
Di-Те, Polio |
II ревакцинирање |
|
12 години |
HPV (Human Papilloma Virus) |
Ревакцинирање |
|
14 години |
Di-Te, Polio |
III ревакцинирање |
|
18 години |
Tetanus |
IV ревакцинирање |
Бебињата кои се исклучиво на мајчино млеко често имаат кашеста столица, што, исто така, не е дијареја.
Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци.
Оваа состојба најчесто се јавува во зимските месеци или при температурни разлики и не треба да се игнорира честото и долготрајно течење на носот кај детето.