Како да препознаете доцнење во говорот кај детето и кога да се јавите на логопед?
Децата на две-, три-, па и на четиригодишна возраст сѐ почесто имаат мал фонд на зборови, неправилен говор, а понекогаш говорот воопшто и не се појавува.
Воспаление на синусите кај децата или стручно наречено синузитис не е безопасна болест ниту обична настинка, а родителите треба да бидат добро информирани за навреме да побараат лекарска помош, посочуваат лекарите. Оваа состојба најчесто се јавува во зимските месеци или при температурни разлики и не треба да се игнорира честото и долготрајно течење на носот кај детето.
Како се дијагностицира воспаление на синусите кај децата?
Доктор Веселинка објаснува дека дијагнозата на воспаление на синусите се поставува врз основа на детална анамнеза земена од родител или од старател на детето пациент, клинички ОРЛ-преглед, на микробиолошки преглед на назален секрет, лабораториски анализи (целосна крвна слика со леукоцитна формула, со параметри на воспалението CRP и со фибриноген) и на Ртг (рендген) на параназалните синуси.
Според д-р Веселинка Митровска-Јосифова, третманот зависи од симптомите, возраста и од општата здравствена состојба на детето.
Третманот на акутните вирусни воспаленија на параназалните синуси е симптоматски. Се користат лекови против болки и против покачена температура, најчесто Парацетамол и Ибупрофен, потоа деконгестиви (капки за нос по препорака на лекар најдолго до седум дена), секретолитици, како и антихистаминици (лекови кои имаат антиалергиско дејство).
Само со навремена дијагностика и со правилно лекување на воспалението на синусите можат да се спречат компликации врз здравјето на детето, кои можат да бидат доста сериозни и да ги зафатат очите, мозокот или белите дробови.
Кои се најчестите компликации од воспаление на синусите кај децата кај децата?
Воспалението на синусите кај децата треба да се сфати сериозно за да се избегнат сериозни компликации, кои можат да бидат и животозагрозувачки за некои деца. Лекарите кои ги консултираше „Мама не си сама“ објаснуваат дека спуштањето секрет од носот и од синусите, предизвикан од вируси или од бактерии, може да доведе до инфекции на долните дишни патишта. Оваа состојба се нарекува синобронхијален синдром, кој се карактеризира со надразнителна и со упорна кашлица.
Затоа, доктор Веселинка Митровска-Јосифова препорачува при чести или при повторувачки епизоди на инфекции на долните дишни патишта, особено во детската возраст, да се направи проценка на горните дишни патишта како можно жариште на инфекцијата.
Доколку дијагнозата за постоење синусна инфекција не е навреме поставена или доколку терапијата не е соодветно ординирана, можна е појава на компликации. Тие најчесто настануваат со ширење на инфекцијата спрема околината, по директен пат, поради разрушување на тенките коскени ѕидови на синусните простори или, по индиректен пат, преку крвните и преку лимфните садови. Од локалните (егзокранијални) компликации најчести се орбитоокуларните компликации поради ширењето на инфекцијата спрема очите (може да се јави оток на очните капаци), како и остеомиелитичните промени на околните коскени структури. Доколку процесот се шири спрема ендокраниумот и спрема мозочните структури, можна е појава на менингити, создавање мозочни апсцеси со различна локализација, односно на различни места. Ова се крајно сериозни состојби поради локализацијата на синусните простори, а понекогаш и животозагрозувачки доколку останат занемарени и доколку не се соодветно лекувани, вели д-р Веселинка Митровска - Јосифова.
За да се избегнат компликации, родителите треба задолжително да се консултираат со матичниот педијатар или со оториноларинголог, доколку детето долго време има симптоми на настинка или влошување на почетните симптоми на настинка, претходни хронични инфекции на синусите или слаб имунитет. Со навремена дијагноза на воспалението на синусите, како и со соодветна терапија значително се намалува ризикот од појава на компликации и опасноста од ширење на инфекцијата спрема мозокот или спрема белите дробови.
Децата на две-, три-, па и на четиригодишна возраст сѐ почесто имаат мал фонд на зборови, неправилен говор, а понекогаш говорот воопшто и не се појавува.
Едно од најчестите прашања што си го поставуваат родителите е дали нивното дете расте и се развива нормално во согласност со својата возраст.
Групирањето на децата во затворени простории (училници, занимални, игротеки, клубови...) влијаат врз зголемувањето на отпорноста на вируси и на бактерии