Кога треба да се почне со четкање на забите и да се посети стоматолог?

Никнувањето на првите заби кај бебињата и кај доенчињата е индивидуален процес, кој кај различни бебиња може да се јави во различни периоди. Иако е ретка појава, некои бебиња се раѓаат со првите заби, кај други забите може да почнат да никнуваат пред да наполнат 4 месеци, а кај некои бебиња првите заби може да се појават и по 12 месеци, објаснува за „Мама не си сама“ педијатарот Елeна Манолева - Николовска.

Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци. На возраст од три месеци бебињата почнуваат да го истражуваат светот со устата и тоа е период кога бебињата почнуваат да ги ставаат рацете во устата, поради што има зголемено лачење на плунка. Тоа е најчестата причина зошто многу родители се прашуваат дали можеби тоа се првите знаци на никнување запче кај нивното бебе. Но не се секогаш ставањето на рацете во устата и лигавењето знак дека кај детето ќе никнат заби во тој период, вели м-р д-р Елена Манолева-Николовска, специјалист педијатар.

По никнувањето на првите запчиња родителите треба веднаш да започнат со нега на забите на своето дете, со употреба на четкичка за заби и со соодветна паста за заби наменета за возраста на детето. А по првата година од животот и по изникнувањето на сите заби детето треба редовно да се води на стоматолог за навремено да се решат сите проблеми поврзани со растот и развојот на забите, формирањето на вилицата и со раната превенција од кариес на забите, советува педијатарот Манолева - Николовска

 

Зошто некои деца имаат крв во урината?

Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.

Температура кај децата: кога да паничите, а кога да оставите телото да се бори

Покачената телесна температура кај децата често ги загрижува родителите, но, според лекарите, таа, во најголем дел од случаите, е природна и корисна реакција на организмот.

Колку треба да спијат децата според возраста и што да направите за да имаат мирен сон?

Кај децата сонот е неопходен исто колку и кај возрасните. Сонот за децата не е само одмор, туку спиењето е време кога нивното тело расте, мозокот се развива, а организмот се обновува.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!