Загадувањето не е само бројка, туку борба за детски здив!
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog).
Труењето со храна е чест здравствен проблем кај децата, особено во лето. Се појавува ненадејно и најчесто е проследено со повраќање, дијареја и со болки во стомакот. Бидејќи детскиот организам е почувствителен, дури и мала количина расипана или загадена храна/вода може да предизвика проблеми. Затоа е важно родителите да знаат како да го препознаат, како да го третираат и, што е најважно, како да го спречат труењето со храна. Кои се најчестите причини и симптоми, како се третира, како да се спречи труењето со храна кај децата и која е разликата со вирусните инфекции за „Мама не си сама“ објаснува м-р д-р Емилија Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“.
Кои се причините за труење со храна кај децата?
Tруењето се случува кога детето ќе изеде храна што е:
Зошто труењето е почесто во лето?
Летото создава идеални услови за раст и размножување на бактерии. Топлината побргу ја расипува храната, особено ако се чува надвор од фрижидер. Луѓето почесто јадат надвор – на плажа, излет или патување – а во такви услови хигиената е послаба. Исто така, децата се понекогаш помалку внимателни со миењето раце и со изборот на храна, па ризикот расте, предупредува м-р д-р Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“.
Кои се симптомите на труење со храна кај децата?
Специјалистот по семејна медицина за „Мама не си сама“ посочува дека симптомите можат да се појават само неколку часа по јадењето или дури по еден ден. Најчесто тоа се:
Како да се третира труењето со храна кај децата?
Според м-р д-р Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“, најважно е да не дојде до дехидратација. Таа споделува совети за родителите за тоа што треба да направат кога детето се соочува со ваква ситуација.
Во повеќето случаи труењето трае 1 до 2 дена и поминува со домашна нега. Во спротивно, потребно е да побарате лекарска помош, објаснува докторката.

Како да се спречи труењето со храна кај децата?
Превенцијата е секогаш подобра од лекувањето, категорична е м-р д-р Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“, и советува на што треба да обрнат внимание родителите.
Која е разликата меѓу труењето со храна и вирусната цревна инфекција?
Според м-р д-р Емилија Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“, и двете може да предизвикаат повраќање и дијареја, но има некои разлики. Труењето со храна обично почнува бргу, неколку часа по јадењето, и често е поврзано со конкретен оброк. Вирусните инфекции (на пример, ротавирусот) се шират меѓу децата во градинките или дома, траат подолго и често вклучуваат и температура.
Лекувањето на вирусните цревни инфекции се спроведува со внесување мала количина на електролити, најчесто со лажичка, кои му се даваат на детето на секои пет минути. Најдобро е тоа да биде поставено во полуседечка положба. Се препорачува употреба на пробиотици и започнување хигиенодиететски режим. Препораката е родителите да не даваат лекови на своја рака. Состојбата на детето треба да се следи, а во одредени ситуации да се консултирате со матичниот лекар, за „Мама не си сама“ вели м-р д-р Хаџиќ, специјалист по семејна медицина од ПЗУ „Д-р Хаџиќ“.
Совет до родителите
Најголема грижа при труењето со храна е дехидратацијата. Ако детето повраќа, има дијареја и изгледа слабо, важно е веднаш да му се даваат течности. Не паничете – во повеќето случаи состојбата поминува бргу. Но, ако се влошува, побарајте медицинска помош. А најдобар совет е: внимавајте на храната што му ја давате на детето и држете се до правилната хигиена, советува докторката.
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog).
Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци.
Вирусните инфекции се едни од најчестите причини за заболување кај децата, особено во есенските и во зимските месеци.