Важноста на тоа бебињата и децата да се движат и да поминуваат време надвор
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.
Во последните години сѐ повеќе се зачестени тешкотиите со прозборувањето кај децата. Децата на две-, три-, па и на четиригодишна возраст сѐ почесто имаат мал фонд на зборови, неправилен говор, а понекогаш говорот воопшто и не се појавува, посочува за „Мама не си сама“ д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
Кога треба детето да ги изговори првите зборови?
Доктор Дамјановиќ ги посочува фазите на развој на говорот кај децата, кога се очекува да се јават првите функционални зборови:

Кога треба родителите да го одведат детето на логопед?
Родителите може да се јават на логопед ако забележат аграматичен говор, кога граматичките правила се користат несоодветно, на пример, „Онде е, Лена“, „Дали го виде неа?“ или ако има послабо помнење на вербалната содржина и неправилно изговарање на одреден број гласови, т.н. дислалија, советува докторката.
Родителите и дома треба да ги практикуваат техниките и советите од логопедот
Според д-р Дамјановиќ, третманот кај логопед треба да е континуиран, со целосна поддршка од родителите, кои треба активно да соработуваат со логопедот, секојдневно следејќи ги неговите препораки и совети.

Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.
Доењето овозможува побрзо разбирање на потребите на бебето преку таа невербална комуникација
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog).