Загадувањето не е само бројка, туку борба за детски здив!
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog).
Ехотомографскиот (ултразвучен) преглед на абдоменот и на малата карлица е една од најчесто користените дијагностички методи кај децата. Ехотомографија може да се изведе и кај новороденчиња, доенчиња, деца и кај адолесценти. Методата е приспособлива на возраста и на состојбата на детето. Ехото е важна, безбедна и достапна дијагностичка метода. Се прави кога постои медицинска индикација и секогаш со препорака од лекар, со цел навремено откривање и следење различни здравствени состојби. За тоа што претставува, како изгледа прегледот, како да се подготви детето и во кои случаи е потребно да се направи, „Мама не си сама“ побара одговори од д-р Александра Христова, специјалист педијатар во Општата болница во Куманово.
Ехотомографскиот преглед на абдоменот и на малата карлица кај децата претставува преглед кој се изведува со апарат кој користи ултразвучни бранови за да создаде слика на различните органи во телото, односно во стомакот на детето. Овие ултразвучни бранови не се слушаат со човеково уво и не може да се почувствуваат кога се изведува прегледот. Овој преглед е безболен, неинвазивен, нема зрачење и може да се изведува повеќепати. Со него се гледаат големината и структурата на црниот дроб, жолчната кеса, слезината, делумно панкреасот, бубрезите, надбубрежните жлезди, мочниот меур, цревата и абдоминалните крвни садови и жлезди, утерусот и овариумите кај женските и тестисите кај машките деца – објаснува педијатарот.

Кога е потребно да се направи ехотомографски преглед на абдоменот кај децата?
Според докторката, индикации за ултразвучен преглед (ехо) на абдоменот кај децата се:
Кога е потребно да се направи ехотомографски преглед на абдоменот кај новороденчињата и кај доенчињата?
Кај новороденчињата и кај младите доенчиња индикации за ехотомографски преглед на абдоменот, според педијатарот, се:
Како треба да се подготви детето пред ехо на стомакот?
Педијатарот Александра Христова за „Мама не си сама“ советува како да го подготвите детето пред ултразвучниот преглед на абдоменот.
Потребно е детето да биде гладно од 3 до 6 часа, во зависност од неговата возраст, и 1 час пред прегледот да испие 500 мл течност за да се наполни мочниот меур. Понекогаш, доколку е потребно итно реализирање на прегледот, овие критериуми се исклучуваат. Родителите на детето треба да се обидат да му ја објаснат процедурата за да се елиминира стравот кај детето. Кај децата кај кои прегледот се извршува со тешкотии потребно е тој да се повтори по извесен период или детето да се подложи на други испитувања (нативна РТГ-снимка на абдоменот или компјутеризирана томографија на абдоменот) – вели докторката.
Што се случува за време на прегледот?
Педијатарот објаснува дека детето се поставува да лежи на грбот. Се нанесува гел на кожата за да се олесни движењето на трансдјусерот и за поубаво да се формира сликата. Понекогаш е потребно детето да земе длабоко воздух и да го задржи за кратко, но и да се заврти на едната, на другата страна или, пак, на стомак.
Што се случува по прегледот?
По прегледот се брише гелот од кожата на детето и тоа може нормално да посетува градинка или училиште. Се пишува извештајот и, во зависност од наодот и од индикацијата за ехотомографски преглед, се дава соодветна препорака, се проследува за додијагностицирање или се закажува контрола, посочува д-р Христова.
Што не може да покаже ехотомографијата?
Иако е многу корисна, ехотомографијата:
- не дава секогаш доволно информации за цревата исполнети со гас;
- не ги заменува компјутерската томографија или магнетната резонанца кога се потребни подетални анализи.
Затоа резултатите секогаш се толкуваат во комбинација со клиничката слика и со другите испитувања.
Загадениот воздух е комбинација од цврсти честички и испарливи гасови. Во градските средини се користи терминот СМОГ (smoke + fog).
Скршеницата или фрактурата претставува прекин на континуитетот на коската. Кај децата скршениците се едни од најчестите повреди, особено затоа што се тие активни, трчаат, скокаат, возат велосипед и тротинет, а понекогаш и паѓаат.
Конјунктивитот или розово око е воспаление на обвивката на окото (конјунктивата) што ја покрива внатрешноста на очните капаци и надворешниот дел на очното јаболко.