Витамин Д – сончев пријател на детското здравје
Витаминот Д е еден од најважните витамини за човековото тело. Често го нарекуваат сончев витамин затоа што телото го создава кога кожата е изложена на сончева светлина
Одлуката за запишување бебе до една година или дете по втората или по третата година од животот во градинка е голема промена за децата и за бебињата, но претставува голема промена и стрес и за родителите. Разделувањето од родителите и започнувањето во градинка секогаш е тешко за децата, особено за оние кои претходно не се разделувале од родителите на краток или на подолг временски период, посочува за „Мама не си сама“ педијатарот Елена Манолева - Николовска.
Таа советува, без разлика дали се работи за дете од една година или за постаро дете, над две или три години, на почеток најзначајно е да се направи усогласување на навиките и на ритамот кои ги има детето во домот со навиките и со ритамот кои ќе ги има при престојот во градинка. Според неа, детето треба да се подготви за рано легнување навечер. Квалитетниот и долг сон ќе овозможи детето да биде одморено, да се разбуди рано и полесно да се одведе во градинка. Пред тргнувањето во градинка детето треба да има приближно ист ритам на спиење како тој во градинка, а истиот совет важи и за усогласувањето на ритамот на оброците во домот и на тие во градинка. На тој начин детето не би почувствувало поголема разлика во секојдневниот ритам и привикнувањето во градинка ќе биде полесно, посочува педијатарот Манолева - Николовска.
Без разлика на стресот и на стравот кои ги чувствуваат родителите во себе и сите прашања што ги мачат во врска со почетокот на детето во градинка, не треба тие да се пренесат врз децата. Како родители не треба да го преувеличуваме тргнувањето во градинка и треба да се однесуваме спрема тоа како нормална работа во животот на нашите деца, посочува д-р Манолева-Николовска.
Таа додава дека, исто така, во овој период на промена не е пожелно да се прават истовремено и други промени во животот на детето, како на пример одвикнување од пелени, од доење или од цуцли. Според неа, важно е градинката никогаш да не се споменува како казна ако детето згреши, во смисла дека ќе биде одведено и оставено во градинка.
Колку време треба да трае периодот на адаптација?
Периодот на адаптација може да трае различно и е индивидуален за секое дете. Може да трае од неколку денови до два месеца. Најголем број од децата по два месеца се привикнуваат на учителките, на децата и на околината, се навикнуваат на ритамот на спиење и на јадење во градинка, како и на сите активности што се случуваат во текот на престојот во градинка. Дури и децата кои плачат и по неколку месеци кога одат во градинка по заминувањето и испраќањето на родителите, продолжуваат без проблем да престојуваат во градинка, смета педијатарот Елена Манолева-Николовска.
Витаминот Д е еден од најважните витамини за човековото тело. Често го нарекуваат сончев витамин затоа што телото го создава кога кожата е изложена на сончева светлина
Салмонелата е бактерија која предизвикува инфекција на цревата позната како салмонелоза, која често се дијагностицира кај децата, особено во топлите месеци.
Кои причини доведуваат до оваа состојба, кои се симптомите и како се дијагностицира и се лекува алергискиот ринитис