Ларингитис кај децата: ноќна кашлица што ги плаши родителите
Ларингитисот е воспаление на гркланот (ларинксот) и на гласните жици, кое кај децата најчесто се јавува во лесна форма и поминува во рок од неколку дена до една недела.
Воспалението на слузницата на носот или алергискиот ринитис кај луѓето, попознат и како поленска кивавица, е хроничен воспалителен процес на мукозната мембрана на носот, предизвикан од дејството на алергените. Кои причини доведуваат до оваа состојба, кои се симптомите и како се дијагностицира и се лекува алергискиот ринитис, за „Мама не си сама“ објаснува педијатарот д-р Елена Ѓиновска-Тасевска.
Според изложеноста на предизвикувачкиот алерген, тој може да биде сезонски и несезонски, односно целогодишен. Сезонскиот ринитис е предизвикан од различни видови полен (трева, цветови, дрвја, полен од плевел). Несезонскиот или целогодишниот е предизвикан од алергените кои постојат во текот на целата година. Најчест алерген од оваа група се грините од редот дерматофагоиди. Овој микроорганизам се храни со човечки првут, современи услови за живеење, со термички добро изолирани станови, опремен мебел и со собна температура помеѓу 20 и 30 °C. Во оваа група спаѓаат и домашниот прав, како и алергените на животни, храна, лекови и друго, посочува д-р Елена Ѓиновска-Тасевска, специјалист педијатар во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
Целогодишните симптоми перзистираат во текот на целата година, а доминантен симптом е назалната опструкција (затнато носе) со сите последици од хроничното недишење низ нос, и тоа: риногена главоболка, респираторна аносмија, чувство на сувост во грлото, периорбитален едем на очните капаци, сува иритирачка кашлица, хроничен замор и, општо, лош квалитет на живот. Според времетраењето на симптомите, тие се делат на интермитентни (симптомите траат помалку од 4 дена во неделата и помалку од 4 недели) и постојани (симптомите траат повеќе од 4 дена во неделата и повеќе од 4 недели), објаснува педијатарот.

Понекогаш превенцијата е единствената неопходна форма на третман, а таа се состои од соодветна идентификација на алергените, одвојување од алергенската средина, уредување простор за живеење (прав, грини) и од избегнување изложеност на алергени (хранливи алергени). Лековите кои дејствуваат и со кои, во повеќето случаи, се постигнува добра контрола врз симптомите на болеста се состојат од комбинација на орален антихистамин од втората генерација, без седативно дејство (ги намалува симптомите на иритација и на секрет), и од интраназален кортикостероид (ги намалува симптомите на назална иритација, секреција и опструкција). Секако, тука е и имунотерапијата, која дејствува врз циркулирачките антитела, односно хипо- или десензибилизација, што значи повторена супкутана, назална или орална администрација на алергени во мали дози во редовни интервали (се прави само во специјализирани установи за алергологија), советува д-р Елена Ѓиновска-Тасевска од Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
Ларингитисот е воспаление на гркланот (ларинксот) и на гласните жици, кое кај децата најчесто се јавува во лесна форма и поминува во рок од неколку дена до една недела.
Коксаки-вирусот е чест вирус од групата ентеровируси, кој најчесто ги погодува децата до 10-годишна возраст, особено во летниот и во есенскиот период.
Инфективната мононуклеоза е акутна инфективна болест позната уште и како „моно“ или „болест на бакнежите“.