Морбили (мали сипаници) кај децата
Вирусот останува активен во воздухот или на заразените површини и до 2 часа.
Бактериските инфекции во првата година од развојот на детето се многу ретки. Најчесто во тој период детето го напаѓаат вируси, а со помош на доењето и на правилното спроведување хигиенодиететски режим доенчето лесно се справува со вирусната инфекција. Во овој период злоупотребата на антибиотици од здравствените работници е неправилна бидејќи со тоа го намалуваме неговиот имун одговор, кој е веќе во фаза на развој, односно го инхибираме, објаснува за „Мама не си сама“ педијатарот д-р Светлана Смугреска.
Кои се најчестите видови бактерии во детската возраст?
Педијатарот Смугреска посочува дека бактериските инфекции започнуваат со тргнувањето во градинка, каде што најлесно се шират вирусните, но и бактериските инфекции.
Најчестата бактерија во грлото од која детето треба да се лекува е стрептококус пиогенес (streptococcus pyogenes gr. A). Само таа оправдано се лекува во педијатријата. Во моментов кај педијатрите се користи брзиот стреп-тест, кој дава брза дијагностика, но може да се направи и со класичен микробиолошки тест, во која било акредитирана лабараторија, вели д-р Смугреска и посочува дека кај доенчињата и кај малите деца до 4 години се среќава и уринарна инфекција, чиј причинител е ешерихија коли (escherichia coli). Постапката при лекување на овие инфекции е преку додатни испитувања на нефролог и се спроведуваат еходијагностика, DRCG (директна радионуклеидна цистографија) и DMSA (скен на бубрези), па според резултатите се утврдува дали има рецидевантни инфекции (инфекции кои се повторуваат и кои може да се одразат врз бубрезите (бубрежниот паренхим)). Неправилно е да се користи антибиотска терапија во лекувањето загадена урина од proteus mirabilis (протеус мирабилис), streptococcus laktogena (стрептококус лактогена), staphylococcus (стафилококус) и од clipsiela (клипсиела), кои најчесто се загадувачи од анусната регија, објаснува д-р Смугреска.
Дали треба да се зема брис од носот кај дете?
Бактериите во носот сѐ почесто се тема на дискусија меѓу педијатрите и матичните доктори, особено ако детето оди во градинка, потенцира педијатарот Смугреска. Според неа, неоправдано е земањето брис (особено од носот) бидејќи флората на носот е причина за одбрана од вируси и од бактерии.
Кај нас сѐ уште наместо само брис од грло се зема и брис од нос, кој најчесто покажува некои сапрофитни (бактерии кои се присутни во нормалната микрофлора на слузницата на грлото и на носот), како и несапрофитни бактерии (бактерии кои не се присутни во нормалната микрофлора на слузницата на грлото и на носот) кои можат да се најдат таму. Не би требало да се спроведува системска ниту локална терапија кај дете со затнато и протечено носе ако општата состојба е сосема уредна. Вирозите најчесто се причинители за разрушување на флората на носот и за оштетување на слузницата на носот, која поради прекумерна употреба на локални антибиотици и на кортико препарати се оштетува и е причина за добивање алергиска конституција. Апелирам да земаме што помалку брисови од нос и да користиме какви било капки за решавање на проблемот со затнат и протечен нос. Децата кои посетуваат градинка и училиште во текот на годината постојано ќе имаат секрет од носот, но тоа не треба да претставува проблем за родителот, советува доктор Светлана Смугреска.
Но педијатарот посочува дека појавата на бактерија во грлото претставува проблем бидејќи таа може да направи сериозни компликации како на пример ендокардит (воспаление на срцевите залистоци), миокардит (воспаление на срцевиот мускул), ревматска треска и гломерулонефрит (воспаление на малите филтри во бубрезите). Во тој случај родителите задолжително треба да побараат лекарска помош и да се направат сите неопходни испитувања и анализи.
Вирусот останува активен во воздухот или на заразените површини и до 2 часа.
Пред тргнувањето во градинка детето треба да има приближно ист ритам на спиење како тој во градинка, а истиот совет важи и за усогласувањето на ритамот на оброците во домот и на тие во градинка.
Исхраната е многу важна за правилен раст и развој на детето. Храната треба да биде приспособена на возраста за да се избегнат алергиски реакции и болести.