Која храна предизвикува алергии кај децата?

Исхраната е многу важна за правилен раст и развој на детето. Храната треба да биде приспособена на возраста за да се избегнат алергиски реакции и болести. На ова треба да се внимава уште од самото раѓање на детето, советува за „Мама не си сама“ педијатарот д-р Светлана Смугреска.

Ингестијата на мајчино млеко – доењето е придобивка за детето. Majчиното млеко претставува симбиоза од обработени протеини, масти, јагленохидрати, ензими, ферменти и витамини, па лесно се ингестира и не претставува тешкотија при варењето на храната. Млечната формула е соодветна замена за мајчиното млеко, но со неа понекогаш може да се појават проблеми од типот на опстипација (запек), пролив и атопија, што укажува на тоа дека доенчето има тешкотии во прифаќањето на храната, вели д-р Смугреска.

Зошто храната треба да биде приспособена на возраста на детето?

Малото дете прима храна од она што ќе му го пласира мајката (млеко, кисело млеко, брашнеста храна, јајца, овошје), што понекогаш не одговара на возраста и може да предизвика алергиска реакција. Настануваат големи алергиски реакции – уртикарија и егзема на кожата, опстипација, дијареја и опструктивен бронхитис – кои прават проблеми во растот и развојот на детето, посочува педијатарот.

Која храна најчесто предизвикува алергии кај децата?

Најголем причинител за појава на алергии е кравјото млеко, вели д-р Смугреска.

Ако детето на помала возраст ингестира кравјо млеко (6-месечно доенче или дете над 1 година), може да се јави интолеранција. Потребно е да се препознае навреме интолеранцијата за детето да нема проблеми во растот и развојот, бидејќи се менуваат цревната слузница и ресичките, кои даваат нарушена апсорпција на храната. Болеста целијакија (нетолеранција на глутен) во таа фаза тешко се распознава. Таа е генетски предиспонирана и бара посебен третман преку исхраната и посебно лекување. Затоа е потребно децата да примаат храна според возраста, а на мала возраст таа да е препорачана од педијатар, советува педијатарот Смугреска.

На што најчесто се алергични поголемите деца?

Според педијатарот Смугреска, кај поголемите деца често се јавуваат уртикарии причинети од јајце, млеко, конзервирана храна, јагода, од кикирики, бадеми, лешници,  прехранбени бои, од адитиви итн.

Алергијата може да биде манифестирана со уртики, розови до црвеникави издигнати промени на кожата по целото тело (како географска карта), оток на лицето и со отежнато голтање и дишење (Kwinkov oedem). Уртикаријата мора да се лечи со антихистаминик, со тешки диети и со примена на кортико терапија, што предизвикува стрес кај детето, објаснува докторката.

Алергија на глутен

Алергијата на глутен е наследна болест проследена со проблеми од доенечката возраст, која се карактеризира со проблеми во варењето (опстипации – запек, повраќања). Предизвикува нарушување во растот и развојот на детето, така што докторот веднаш започнува повеќе испитувања за да се најде причината, а на Институтот за имунологија може да се детектира генот одговорен за појава на болеста целијакија. Таквите деца се поставуваат на рестриктивни диети без глутен (брашнеста храна), потенцира педијатарот д-р Светлана Смугреска и советува дека е потребно што повеќе да се информира населението дека правилната исхрана кај доенче, мало и кај големо дете е битен елемент во неговиот правилен раст и развој и превенција од појава на алергија и на интолеранција на храна.

 

Морбили (мали сипаници) кај децата

Вирусот останува активен во воздухот или на заразените површини и до 2 часа.

Совети од педијатар: што да направите за детето побргу да се приспособи во градинка?

Пред тргнувањето во градинка детето треба да има приближно ист ритам на спиење како тој во градинка, а истиот совет важи и за усогласувањето на ритамот на оброците во домот и на тие во градинка.

Што предизвикува воспаление на грлото или на крајниците кај децата?

Воспаление на грлото, крајниците, синусите или на слузницата на носот предизвикано од вируси или од бактерии е дел од инфекциите на горните дишни патишта

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!