Што треба да знаете за мононуклеозата кај децата?
Инфективната мононуклеоза е акутна инфективна болест позната уште и како „моно“ или „болест на бакнежите“.
Салмонелата е бактерија која предизвикува инфекција на цревата позната како салмонелоза, која често се дијагностицира кај децата, особено во топлите месеци. Оваа бактерија е една од најчестите причини за труење со храна кај децата, но и кај возрасните. Болеста е многу сериозна, па затоа е пожелно да сe лекувa веднаш по појавата на првите симптоми, предупредува м-р д-р Александра Андреевска, специјалист по семејна медицина.
Ова е една од најпознатите непријатни и подмолни болести кои можат да влијаат врз бебињата. Нејзиниот предизвикувач – бактеријата салмонела – му припаѓа на огромното семејство на штетни микроорганизми, кои вклучуваат околу 2,5 илјади различни видови, а бројот се зголемува секоја година. Салмонелата може да се размножи во храната и да остане неоткриена. Бактериите толерираат замрзнување, сушење, високи температури. Тие можат долго време да живеат во прав – за „Мама не си сама“ изјави д-р Андреевска.
Како се заразуваат децата со салмонела?
Според докторката најчести причини за зараза се:
Колку трае инкубацискиот период?
Без оглед на тоа како се пренесува салмонелата, болеста почнува да напредува 6 – 72 часа. Периодот на инкубација на болеста (времето од контактот со бактеријата до појавата на симптомите) е од неколку часа до 3 дена. Нејзиното времетраење зависи од здравјето и од силата на имунолошкиот систем на детето, појаснува д-р Андреевска.

Кои се симптомите на салмонела кај децата?
Според специјалистот по семејна медицина, постојат две варијанти на текот на болеста: салмонелозата кај децата може да биде гастроинтестинална или генерализирана.
Дете заразено со гастроинтестиналната форма чувствува болка во горниот дел на стомакот и околу папокот. Покрај тоа, постојат симптоми како што се:
Вообичаено, симптомите траат од 4 до 7 дена. Ако траат подолго или ако се влошуваат, потребна е лекарска помош.
Важна компонента при дијагнозата на салмонела во телото на детето е тестот на крвта. Оваа анализа е задолжителна, дури и ако копрокултурата не ја потврди салмонелозата, советува докторката.
Како се третира салмонелата кај децата?
Најважно е да се спречи дехидрација, советува докторката.
Детето треба да внесува доволно течности – најдобро орален рехидратациски раствор (од аптека), кој ги враќа изгубените електролити.
Лесна и течна исхрана – супи, ориз, банани, варени компири
Одмор и следење на симптомите
Антибиотици обично не се даваат, освен ако е инфекцијата потешка или ако е детето многу мало. Потребата од антибиотик ја одредува исклучиво лекар.
Според д-р Андреевска, најефикасна е комплексната терапија. Пред да се лекува салмонелозата кај детето, неопходно е да се потврди дијагнозата. Секој пациент има потреба од диета.
Како треба да се хранат децата кои имаат салмонела?
Специјалистот по семејна медицина за „Мама не си сама“ објаснува дека здравата и правилна исхрана е важен дел од терапијата. Целите на исхраната се нормализација на дигестивниот процес, олеснување на лигавицата и елиминација на воспалението во гастроинтестиналниот тракт. Веднаш по инфекцијата се препорачува да се даде о. р. с. раствoр во вода и само топол, малку засладен чај со средна јачина. За децата под една година во овој период е дозволена само водата.
Кога состојбата на малиот пациент малку се подобрува, во неговата исхрана може да се внесе храна која содржи минимална количина на масти и на јаглени хидрати. Нахранете го вашето дете 5-6 пати на ден во помали количини.
Храната треба да биде:
Избегнувајте:
Храната се воведува постепено, во мали порции, не насила, посочува д-р Андреевска и додава дека иако салмонелата е честа, со добра нега и внимание најчесто поминува без компликации. Клучот е во хидратацијата, лесната исхрана и во добрата хигиена. Со мала внимателност родителите можат да спречат инфекција и да го заштитат детето од непријатни симптоми. Доколку симптомите траат подолго од 7 дена или доколку се влошуваат, задолжително консултирајте се со лекар.
Инфективната мононуклеоза е акутна инфективна болест позната уште и како „моно“ или „болест на бакнежите“.
Пред тргнувањето во градинка детето треба да има приближно ист ритам на спиење како тој во градинка, а истиот совет важи и за усогласувањето на ритамот на оброците во домот и на тие во градинка.
Болките во грлото и воспалението на ждрелото и на крајниците (фарингитис и тонзилитис) се чести и вообичаени детски болести, кои можат да бидат предизвикани од различни вируси и бактерии.