Витамин Д – сончев пријател на детското здравје
Витаминот Д е еден од најважните витамини за човековото тело. Често го нарекуваат сончев витамин затоа што телото го создава кога кожата е изложена на сончева светлина
Првиот училишен ден е посебен момент и значајна пресвртница во животот на секое дете. Тоа е првиот чекор во светот на учењето, новите другарства, обврските, прифаќањето одговорности и приспособувањето на нова средина. За многу деца овој ден е возбудлив и исполнет со радост, но за други може да биде стресен, збунувачки, па дури и застрашувачки. И тоа е сосема нормално, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Татјана Вучидолова, специјалист по семејна медицина во ПЗУ „Киндер медика“. Таа споделува и совети како да се надминат предизвиците и како да му помогнете на детето полесно да се приспособи на училиште.
Прва училишна клупа, ново училиште, непознати лица и нови правила – сево ова се нови предизвици со кои се соочува детето. Првиот училишен ден е момент кога детето влегува во еден нов свет полн со знаење, искуства, предизвици и со радости. Нашата улога како возрасни е да му помогнеме да го направи тој чекор со сигурност, љубопитност и радост. Со соодветна подготовка, поддршка и трпение, првиот училишен ден може да биде едно прекрасно искуство и за детето, но и за родителот, посочува докторката.
Кои се најголемите предизвици за првачињата?
Првачињата се мали деца кои до вчера си играле дома, во градинка или со баба и дедо. Одеднаш од нив се очекува да седат мирно, да внимаваат, да учат букви и броеви, да се дружат со нови деца и да го следат распоредот, посочува д-р Вучидолова и ги наведува најчестите предизвици со кои се соочуваат децата на првиот училишен ден:
За многу деца тоа е првпат да бидат подолго време одделени од мама или тато. Некои деца плачат, а други се срамежливи, не сакаат да влезат во училница или се чувствуваат загрижено. Тоа се нормални реакции.
Нов простор, нови лица, учителка/учител што ги гледаат првпат – сево ова може да биде стресно. Децата имаат потреба од време за да се приспособат на новата средина.
Училиштето има свои правила – седење во клупа, молчење, слушање. Првачињата треба да научат како функционира еден училишен ден, а тоа не е лесно на почетокот.
Некои деца може да се плашат дека нема да знаат доволно, дека нема да ги задоволат очекувањата. Тоа може да создаде притисок и несигурност кај нив.
Не стекнува секое дете лесно пријатели. Некои се поповлечени, срамежливи или не знаат како да се вклучат во групата.
Како да се надминат предизвиците на првиот училишен ден?
Според специјалистот по семејна медицина, улогата на учителите и на родителите е клучна за полесно надминување на овие тешкотии.
Со топлина, поддршка и со охрабрување децата се мотивираат да го прифатат предизвикот и да ги изградат своите капацитети. Првиот ден е само почеток, но со правилен пристап првачињата можат да го паметат како позитивно и охрабрувачко искуство. Независно од сите овие предизвици, сепак, првиот ден во училиште има и многу позитивни аспекти. За многу деца тоа е ден за нови можности, нови искуства и за нови почетоци. Додека некои се чувствуваат возбудено и подготвено да научат нови работи, други може да бидат исплашени, но сите тие стануваат посилни и посигурни благодарение на новите искуства што ги преживуваат. Првиот ден, иако исполнет со предизвици, може да биде и почеток на еден нов и возбудлив пат во животот на секое дете. Голем дел од луѓето сè уште го паметат својот прв училишен ден. Родителите се со чувство кое е мешавина од возбуда, среќа и загриженост и најчесто се соочуваат со предизвикот на приспособување на децата во неколку фази. Несомнено, децата со искуство во градинка полесно ќе ги надминат сите тие фази. Во спротивно, периодот на приспособување на училиште може да биде подолг за децата кои не добиле предучилишно образование, вели д-р Вучидолова.
Бидете трпеливи и подгответе се за првиот училишен ден на вашето прваче
За децата полесно да се приспособат на новата средина, важна е подготвеноста не само на децата туку и на родителите и на училиштето, потенцира докторката и споделува совети за тоа како да постапат родителите:
Почеток што се памети цел живот!
Првиот ден на училиште за секое дете носи многу предизвици, но и нови можности.
Иако новата средина, непознатите лица и новите правила може да бидат стресни, тие се и почеток на еден нов и возбудлив пат. Првачињата, иако исплашени и несигурни на почетокот, наскоро ќе се навикнат на училишниот живот, ќе стекнат нови пријатели и ќе научат многу важни нешта кои ќе им помогнат да растат и да се развиваат. Со поддршка од родителите, наставниците и од другите ученици, предизвиците на првиот ден постепено ќе исчезнат и ќе направат место за новите искуства и успеси во учењето, посочува д-р Татјана Вучидолова.
Витаминот Д е еден од најважните витамини за човековото тело. Често го нарекуваат сончев витамин затоа што телото го создава кога кожата е изложена на сончева светлина
Медицинските истражувања покажуваат дека на повеќе од 80 проценти од децата пред да наполнат три години најмалку еднаш ќе им биде дијагностицирано акутно воспаление на средното уво или стручно наречено акутет отитис медија.
Најчестата бактерија во грлото од која детето треба да се лекува е стрептококус пиогенес.