Зошто треба да го масирате вашето бебе?
Масажата на бебињата дава голем број физиолошки, развојни и емоционални придобивки.
Имунизацијата претставува едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината. Вакцинацијата, според медицинската наука, се смета за најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на заболувањата и на смрт од одредени заразни заболувања. Во моментов во светот постојат вакцини за спречување повеќе од 20 болести опасни за животот на луѓето, кои овозможуваат подолг и поздрав живот за сите возрасни популации. Бројките покажуваат дека имунизацијата годишно спречува 3,5-5 милиони смртни случаи од заразни болести како што се дифтеријата, тетанусот, пертусисот (голема кашлица), грипот и сипаниците. Од Светската здравствена организација посочуваат дека секоја година со вакцинирање се спасуваат 2 до 3 милиони деца во светот.
За имунизацијата и зошто е значајна редовната вакцинација на децата „Мама не си сама“ разговараше со педијатарот д-р Елена Манолева-Николовска.
Имунизацијата претставува една од најзначајните компоненти во примарната здравствена заштита. Во Република Македонија постои задолжителна вакцинација за 13 заразни болести, вакцини кои се примаат во детската возраст, и незадолжителни вакцини за две заразни заболувања, кои може да ги примат и децата и возрасните (вакцина против грип и вакцина против COVID 19).
Кои вакцини треба да ги прими детето додека не наполни една година?
По излегувањето од родилиштето и во првите 12 месеци имунизацијата е најинтензивна бидејќи тоа е период кога едно доенче има најголема потреба да биде заштитено од заразни заболувања и да се спречи појава на тешки компликации или смрт од заразни заболувања, посочува педијатарот Елена Манолева - Николовска.
По излегувањето од родилиштето задолжителната вакцинацијата продолжува со навршени 2 месеци или не подоцна од 12 недели, со примање на првите три дози од пет- или од шестовалентната вакцина, која во себе содржи заштита против дифтерија, тетанус, против пертусис, хепатит Б и против хемофилус-инфлуенца тип Б (DiTePer, Polio, Hib, HepB), и со ротавирус-вакцината, која се прима перорално директно од индивидуална вијала. Доколку детето примило во родилиштето една доза за заштита од хепатит Б, тогаш ќе прими една доза на петтовалентната вакцина и две дози од шестовалентната вакцина. Ако детето не примило вакцина против хепатит Б во родилиштето, тогаш ќе прими три дози од шестовалентната вакцина. Овие три последователни дози на пет- или на шестовалентната вакцина и на ротавирус-вакцината се примаат на растојание од 4 до 10 недели, најчесто на 42 дена (6 недели). Третата доза од вакцината против ротавирусот мора да се прими најдоцна до 8 навршени месеци на доенчето (32 недели од животот), објаснува докторката Манолева - Николовска.
Педијатарот Манолева - Николовска го потенцира значењето и кога треба да се примат двете вакцини кои последни се воведени во редовниот календар за имунизација во нашата земја.
Кога треба да се ревакцинираат децата и да се прими ММР-вакцината?
По првите 12 интензивни месеци на вакцинација, во текот на втората година од животот постепено се намалува бројот на вакцини и се примаат бустер-дози или ревакцини на претходно примените вакцини. На 13 месеци се прима вакцината против морбили, рубеола и против паротит (ММR); на возраст од 12 до 23 месеци се прима ревакцина или трета бустер-доза од вакцината Prevenar (стрептококната вакцина), а на возраст од 18 до 24 месеци се прима ревакцина против DiTePer, Hib, HepB (петтовалентна вакцина), посочува педијатарот.
Масажата на бебињата дава голем број физиолошки, развојни и емоционални придобивки.
Мајчиното млеко го подобрува имунитетот на детето и ја намалува можноста за развој на болести подоцна во животот – алергии, астма, разни видови инфекции, дијабетес, прекумерна тежина...
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи.