Ротавакцина: безбедна заштита за вашето бебе од сериозни стомачни инфекции
Во некои случаи, особено кај многу мали деца, ротавирусната инфекција може да доведе до потреба од болничко лекување поради сериозна дехидрација.
Физикалната терапија за бебиња има цел да го подобри физичкиот развој и да обезбеди рехабилитација на бебињата и на децата. Дали третманот е различен од физикалната за возрасни, кои методи се користат, за кои бебиња се препорачува, кога треба да се започне со рехабилитацијата... одговор на овие прашања „Мама не си сама“ побара од м-р Дијана Мариновска, физиотерапевт во клиничката болница „Аџибадем систина“.
За кои бебиња се препорачува физикална терапија?
Бебињата кои поминале низ тешко породување, а чии мајки имале тешкотии дури и во бременоста; бебињата кои се родени порано, па дури и бебињата кои имаат тешкотии кратко по породувањето се бебиња кои имаат голем ризик од предизвици во невролошкиот развој и кои треба да практикуваат физикална терапија, советува физиотерапевтот Мариновска.

Кога треба да се почне со физикалната терапија?
Според физиотерапевтот Мариновска, физикалната терапија, според потребите на секое бебе, индивидуално ќе треба да започне веднаш по раѓањето или уште додека е тоа во инкубатор. Што е можно порано и додека бебето сѐ уште нема конкретни проблеми, односно превентивна физикална терапија ќе треба да се применува кај сите оние бебиња со предизвици во невролошкиот развој. Се започнува рано и превентивно затоа што овие групи бебиња многу често се соочуваат со проблеми, а физикалната терапија е таа која може рано да интервенира некои од знаците за невроразвојни тешкотии да се намалат, а некои и да исчезнат во целост.
Во што се состои третманот?
Многу често физикалната терапија се состои само од следење на развојот на бебето или од советување на родителите како да постапуваат со бебето за да го поттикнат развојот на правилен начин, посочува физиотерапевтот.
Во некои случаи, особено кај многу мали деца, ротавирусната инфекција може да доведе до потреба од болничко лекување поради сериозна дехидрација.
Вакцините штитат од сериозни, животозагрозувачки и неретко смртоносни болести. Тие му помагаат на имунолошкиот систем да ги спречи.
Ако забележите црвенило на лицето кај вашето бебе и ако поради тоа постојано се чеша, треба да помислите дека можеби станува збор за атописки дерматит, односно за долготрајно хронично воспаление на кожата.