Која е причината за предвременото породување?
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи.
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела. Тие се високоризични бебиња кои се целосно несамостојни, зависни од туѓата помош и поддршка, поради што заслужуваат најдобар третман и нега, вклучувајќи и рана интервенција од високоедуцирани здравствени професионалци. Се смета дека 22. недела од бременоста е долната граница кога бебето е доволно развиено за да може да преживее, но со интензивна медицинска помош и нега. Бебињата родени пред 22. недела во повеќето случаи не се доволно зрели за да преживеат, за „Мама не си сама“ објаснува проф. д-р Силвана Наунова-Тимовска, специјалист педијатар неонатолог во ЈЗУ Универзитетска клиника за детска болести.
Според статистичките податоци на Светската здравствена организација, секоја година 15 милиони новороденчиња се раѓаат предвремено, при што се смета дека секое 10-то новороденче е предвреме родено. Предвременото раѓање денес е глобален проблем. Повеќе од 70 % од нив се родени помеѓу 34. и 36. гестациска недела, а само 6 % пред 28. гестациска недела и имаат ниски можности за преживување од 17 %, посочува професорката.
Ризици кај предвремено родените бебиња
Според неонатологот проф. д-р Наунова-Тимовска, предвремено родените бебиња се најчесто мали и недоволно развиени, со родилна тежина помала од 2500 грама, при што особено чувствителни се екстремно незрелите бебиња родени со тежина под 1000 грама и пред 28. гестациска недела. Затоа предвремено родените бебиња се соочуваат со одредени здравствени проблеми како што се:
Хипотермија, односно склоност кон разладување и губење на топлината поради незрелиот систем за терморегулација, слабата термичка изолација (тенката кожа и намаленото поткожно масно ткиво), ограничениот метаболен одговор на студено и недостигот од енергетски резерви.
Респираторни проблеми, бидејќи некои прематурни бебиња не можат да дишат самостојно, па имаат потреба од респираторна поддршка. Такви состојби се респираторниот дистрес-синдром (кој се јавува поради структурна незрелост на белите дробови, при што постои развојна слабост во производството на сурфактант) и бронхопулмоналната дисплазија (каде што постои изменет алвеоларен и васкуларен развој на белодробието уште во раниот постнатален период, поради што децата имаат нарушена респираторна функција и хронични белодробни заболувања во подоцнежната возраст).
Апнеја или прекин на дишењето
Кардиоваскуларна нестабилност
Невролошки оштетувања, односно мозочно крвавење, хипотонија, конвулзии
Незрел имун систем со ризик од сепса
Анемија на прематуритетот
Тешкотии со хранењето, намалена дигестија, ризик од некротизирачки ентероколит
Пролонгирана жолтица поради незрелоста на црниот дроб, хипогликемија, хипокалцемија
Ретинопатија, оштетување на слухот

Како да се спречи предвремено породување?
Професорката Наунова-Тимовска за „Мама не си сама“ ги објаснува современите трендови за превенција на прематуритет, кои вклучуваат:
Таа потенцира дека сите овие постапки значително ја намалуваат преваленцата на предвремените раѓања и ги зголемуваат шансите за преживување на прематурните бебиња, без последици или со минимални последици во невроразвојниот исход. Во тој контекст, со цел подигнување на свесноста за прематурно родените бебиња и за можните ризици и предизвици со кои се соочуваат тие мали борци во текот на својот развоен период, секоја година на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња.
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи.
Воспаление на кожата со црвенило во пределот покриен со пелени се јавува речиси кај секое бебе, дури и при најдобра хигиена и нега.
Многу често физикалната терапија се состои само од следење на развојот на бебето или од советување на родителите како да постапуваат со бебето за да го поттикнат развојот на правилен начин.