Зошто некои деца имаат крв во урината?
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.
Варичелата, позната и како овчи сипаници, е честа заразна болест која најчесто се јавува во детската возраст, но може да ги зафати и возрасните. Иако во најголем број случаи поминува лесно, варичелата не е секогаш безопасна и може да доведе до компликации, особено кај одредени ризични групи. Навремената информираност е клучна за правилно препознавање, лекување и превенција. За какво заболување станува збор, кои се причините и симптомите, каков е третманот, кои се компликациите и на што треба да се внимава за „Мама не си сама“ објаснува д-р Александра Лазаревска-Давитков, специјалист по семејна медицина во ПЗУ „ДСГ медикал“.
Варичелата (овчи сипаници) е многу заразно акутно вирусно заболување, кое се карактеризира со осип кој е везикулозен и кој избива во налети. Тоа е заболување карактеристично за детската возраст, со висок морбидитет и незначителен леталитет, а компликациите се ретки и обично многу лесни. За варичелата знаеле арапските лекари уште во IX век, но сѐ до XII век се мислело дека, всушност, се работи за лесна форма на вариола. Дури во XVII век Италијанецот Ингресија ја издвојува варичелата како посебно заболување – вели докторката.
Кои деца се во поголем ризик и како се пренесува?
Доктор Лазаревска-Давитков посочува дека причинител на варичелата е вирусот варичела зостер, кој ѝ припаѓа на групата на херпес-вируси и кој дава две клинички манифестации на болеста: варичела и херпес-зостер.
Варичелата е благо заболување со голем индекс на контагиозност, од кое најчесто заболуваат децата на возраст до десет години. Најчесто се појавува во вид на епидемии, ретко спорадично. Тоа е аерокапкова инфекција, која е почеста напролет и назима. Извор на болеста е болниот од варичела, кој е заразен еден до два дена пред избивањето на осипот, во текот на весикулозниот стадиум, па сѐ до сушењето на последните везикули. Инфекцијата се пренесува директно преку капки во воздухот (кашлање, кивање, зборување), а поретко со допир на кожа или облека – вели таа.
Кои се симптомите?
Според докторката, болеста обично започнува со:
По 1-2 дена се појавува карактеристичниот осип, кој:
Осипот најчесто прво се јавува на лицето и на трупот, а потоа се шири по целото тело, вклучувајќи го и скалпот.

Текот на болеста
Специјалистот по семејна медицина д-р Лазаревска-Давитков за „Мама не си сама“ објаснува дека варичелата трае околу 2-3 недели. Инкубацијата трае од 14 до 18 дена. Болеста поминува низ три стадиуми:
1. Катарален стадиум, кој трае 1-2 дена и кој се карактеризира со главоболка, слабост, намален апетит и евентуално со супфебрилна температура. Истовремено може да се појави и енантем на мекото непце и на букалната лигавица во форма на херпетични везикули, кои по прскањето формираат афти, кои се болни и кои го отежнуваат голтањето.
2. Стадиум на осип – поминува низ повеќе стадиуми, почнувајќи од макула, папула, везикула и краста. Осипот избива во налети со временско растојание од 10 до 30 часа меѓу два налета. Обично се јавуваат 2 до 3 налети. Поради несинхронизираната еволуција на ефлоресценциите, истовремено, на ограничен дел од кожата, можат да се видат сите елемени на осип, поради што се зборува за полиморфен осип како главна карактеристика на варичелата, па затоа тој се споредува со небо расфрлано со ѕвезди. Избивањето на осипот е проследено со чешање, што може да доведе до прскање на везикулите и до нивна суперинфекција.
Крвната слика кај варичелата покажува нормален или намален број на леукоцити со лимфоцитоза.
3. Реконвалесцентен стадиум – почнува по опаѓањето на крастите и трае околу една недела.
Компликации кај варичелата
Докторката посочува дека поради варичела (овчи сипаници) можни се следниве компликации:
Дијагноза
Дијагнозата најчесто се поставува клинички, врз основа на типичниот изглед на осипот и симптомите. Лабораториски испитувања се ретко потребни.
Лекување и нега
Не постои специфичен лек што ја елиминира варичелата кај здрави лица. Терапијата е симптоматска и вклучува:
Антивирусна терапија се користи само кај одредени ризични групи и по препорака на лекар.
Кога да се јавите на лекар?
Потребна е лекарска консултација ако:
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите.
Луѓето се раѓаат со четири основни чувства: радост, лутина, страв и тага. Потоа од нив произлегуваат другите чувства, меѓу кои се љубовта, изненаденоста, довербата, исчекувањето...