Кога и како да почнете со храна кај вашето доенче?
Кога доенчето ќе наврши 4 месеци, може да се започне со воведување еден оброк наместо еден подој или млечен оброк.
Силниот имунитет започнува од раѓање: улогата на доењето, вакцините и на цревната микрофлора
Првата година од животот е еден од најважните периоди за развојот на имунолошкиот систем. Во текот на тие 12 месеци организмот на бебето постепено учи да препознава, да реагира и да се брани од големиот број микроорганизми со кои секојдневно доаѓа во контакт, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Дијана Костовска, специјалист по педијатрија во ПЗУ „д-р Костовска“.
Иако новороденчето се раѓа со одредена заштита добиена од мајката, неговиот имунолошки систем и натаму е незрел. Потребни се години за целосно да созрее, а неговата функционална зрелост се достигнува дури кон крајот на адолесценцијата. Разбирањето на начинот на кој се развива имунитетот им помага на родителите да обезбедат соодветна исхрана, здрави животни навики и навремена превенција од заразни заболувања – посочува докторката.
Вроден и стекнат имунитет – две линии на одбрана
Педијатарот посочува дека имунолошкиот систем се состои од два основни дела: вроден и стекнат имунитет.
Вродениот имунитет претставува прва линија на одбрана и е присутен уште од раѓање. Во него спаѓаат кожата, слузниците и различните имунолошки клетки, кои бргу реагираат кога во организмот ќе навлезат бактерии, вируси или други микроорганизми. Кај новороденчињата тој систем функционира, но сè уште не е целосно развиен и е помалку ефикасен отколку кај возрасните.
Стекнатиот имунитет, пак, се развива постепено. Тој има способност да учи и да памети. При контакт со микроорганизми по вакцинација или по прележана инфекција, организмот создава специфични антитела и имунолошка меморија. Токму овој процес е основата за создавање долготрајна заштита – потенцира д-р Костовска.
Мајчиното млеко – природен сојузник на имунитетот
Според докторката, мајчиното млеко претставува најдобрата природна заштита во првите месеци од животот. Освен што ги обезбедува сите хранливи материи потребни за раст и развој, тоа содржи и голем број компоненти кои го поддржуваат имунолошкиот систем.
Особено важни се антителата IgA, кои ја обложуваат слузницата на дигестивниот систем и помагаат во заштитата од бактерии и вируси. Покрај нив, мајчиното млеко содржи имунолошки клетки, протеини, ензими, хормони, како и пребиотици, кои го поттикнуваат развојот на корисната цревна микрофлора. Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доењето заедно со воведување дополнителна исхрана кога е тоа можно – советува педијатарот Костовска.
Вакцинацијата го гради стекнатиот имунитет
Вакцинацијата е една од најефикасните мерки за заштита на децата од сериозни заразни заболувања. Во текот на првата година од животот се примаат вакцини против повеќе инфекции, меѓу кои дифтерија, тетанус, голема кашлица (пертусис), детска парализа (полиомиелит), инфекции предизвикани од Haemophilus influenzae тип Б, пневмококни инфекции, како и вакцина против морбили, заушки (паротит) и рубеола, во согласност со националниот календар за имунизација.
Вакцините му овозможуваат на организмот безбедно да создаде антитела и имунолошка меморија без да ја прележи болеста. Научните истражувања покажуваат дека вакцините не го преоптоваруваат имунолошкиот систем. Напротив, тие му помагаат да изгради ефикасна и специфична заштита од опасни инфекции – потенцира докторката.
Зошто е важна цревната микрофлора?
Педијатарот Костовска за „Мама не си сама“ објаснува дека во првите денови и недели по раѓањето започнува создавањето на цревната микрофлора, заедница на милијарди микроорганизми кои имаат значајна улога во функционирањето на имунолошкиот систем. Врз нејзиниот состав влијаат повеќе фактори, како на пример начинот на породување, видот на исхраната, употребата на антибиотици и средината во која расте детето.
Бебињата родени со царски рез или оние кои не се дојат може да имаат поинаков состав на цревната микрофлора во првите месеци од животот. Кај одредени деца, особено при антибиотска терапија, педијатарот може да препорача употреба на пробиотици – вели таа.

Што придонесува за силен имунитет?
Развојот на здрав имунолошки систем не зависи само од генетиката. Големо влијание имаат и секојдневните животни навики, посочува д-р Костовска и додава дека најважни фактори се:
Контактот со други деца и изложеноста на вообичаените вируси се нормален дел од развојот на имунитетот. Токму преку тие средби организмот постепено создава имунолошка меморија, објаснува педијатарот.
Кога се нормални честите инфекции?
Многу родители се загрижени кога нивното бебе често настинува или има вирусни инфекции.
Кога е потребна дополнителна проценка?
Во ретки случаи честите инфекции може да бидат знак за нарушување на имунолошкиот систем. Според докторката, потребна е консултација со педијатар доколку детето има:
Но, педијатарот Костовска посочува дека кај најголем број здрави бебиња таквите состојби се ретки.
Имунитетот не се создава преку ноќ. Првата година од животот претставува период на интензивно учење на имунолошкиот систем. Доењето, правилната исхрана, вакцинацијата, здравата цревна микрофлора, квалитетниот сон и здравите животни навики се најважните фактори кои придонесуваат за негов правилен развој. Најважно е родителите да знаат дека честите вирусни инфекции во раното детство најчесто се нормален дел од созревањето на имунитетот, а не знак дека детето има слаб имунолошки систем – потенцира докторката.
Кога доенчето ќе наврши 4 месеци, може да се започне со воведување еден оброк наместо еден подој или млечен оброк.
Да се става бебето на стомак е важно за неговиот развој.
Мајчиното млеко го подобрува имунитетот на детето и ја намалува можноста за развој на болести подоцна во животот – алергии, астма, разни видови инфекции, дијабетес, прекумерна тежина...