Кои се придобивките од доењето за мајката?
Доењето овозможува побрзо разбирање на потребите на бебето преку таа невербална комуникација
Сончевата светлина е важна за нашето здравје – помага во создавањето витамин Д и во подобрувањето на расположението и е корисна за коските. Но, премногу сонце, особено кај малите деца, може да биде опасно. Детската кожа е многу потенка и почувствителна од кожата на возрасните, па многу побргу може да изгори. Освен тоа, децата не чувствуваат кога сонцето ги пече – тие си играат, трчаат и не забележуваат кога е време за сенка. Затоа, токму родителите имаат клучна улога во нивната заштита. За тоа како да го заштитите вашето дете од штетните сончеви зраци, зошто детската кожа е најчувствителна на сонце, кога и како може да се сонча детето „Мама не си сама“ побара одговори и совети од педијатарот д-р Светлана Зотовска од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска“.
Заштитата на детската кожа од невидливите сончеви зраци е приоритет од самиот почеток. Само со активна претпазливост може да се заштити сѐ уште незрелата и многу чувствителна кожа на бебињата и на малите деца од акутни и хронични болести на кожата предизвикани од сончевото зрачење. Сончевата светлина има корисни ефекти врз физичкиот и психичкиот интегритет на телото. Но, иако има значајна улога во формирањето на витаминот Д, кој е важен за структурата на коските, кожата на бебињата и на децата треба да се заштити со појавата на првите сончеви денови. Исто така, што е многу важно, изложувањето на сонце кај децата на сите возрасти треба да се одвива постепено, вели д-р Светлана Зотовска, специјалист педијатар од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска“.
НЕ НА СОНЦЕ ДО 6 МЕСЕЦИ
Докторката за „Мама не си сама“ посочува дека децата се особено чувствителни на УВ-зраците бидејќи заштитната функција на кожата и способноста за одбрана од ова зрачење во детската возраст сѐ уште не се развиени. Кога кон тоа ќе се додаде и фактот дека кожата се сеќава на секоја минута помината на сонце и дека 50-80 % од оштетувањата на кожата од сонцето се случуваат токму во детството, излишно е да се каже колку е важно да се зачуваат најмладите од штетното сончево зрачење.
Доколку ја споредиме со онаа на возрасните, ќе видиме дека кожата на децата се разликува. Таа е потенка и со тоа има намалена функција на потните и лојните жлезди, а намалени се и заштитата од студено, како и механичката отпорност. Од друга страна, пак, има зголемена пропустливост. Продукцијата на меланин не е воспоставена и со тоа е намалена заштитата од УВ-зрачењето. Кај малите деца телесната топлина не може да се регулира во првите 6-12 месеци како кај возрасните. Поради ваквите карактеристики на детската кожа, детето до шест месец не треба да се изложува на сонце затоа што ниеден заштитен фактор (SPF) не е сосема безбеден. Над шестмесечна возраст се нанесуваат кремови со заштитен фактор, објаснува педијатарот Зотовска од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска.
КРЕМОВИ НА СЕКОИ ДВА ЧАСА
Според д-р Зотовска, специјалист по педијатрија од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска“, заштитниот фактор треба да ги апсорбира УВБ-зраците, а да ги пропушта УВА-зраците. СПФ (Sun ProtectionFactor) или факторот за заштита од сонце го означува временскиот интервал во кој е безбедно да се седи на сонце (на пример, ако детето смее да биде изложено на сонце без заштита 5 минути, со заштитниот фактор СПФ 15 безбедното време се продолжува на 75 минути (5х15)).
Кога децата смеат да бидат на сонце и какви компликации можат да предизвикаат сончевите зраци?
Децата може да престојуваат на сонце во утринските часови до 10 часот и попладне по 17 часот. Се разбира, не се препорачува долготрајно изложување. Потребно е да се води сметка за дневниот индекс на УВ-зрачењето. Што се однесува до ризикот од претерано изложување на сонце, само мал дел од сончевата светлина предизвикува фотодерматови. Тоа е нејзиниот УВ-дел, кој има хемиско дејство врз живата материја. УВБ-зраците дејствуваат врз погорните слоеви на кожата и предизвикуваат изгореници. УВА-зраците, пак, одат подлабоко во кожата и може да предизвикаат алергии на сонце, перпигментации, па дури и рак на кожата, посочува педијатарот д-р Светлана Зотовска од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска“.
Совети за родителите
Сонцето е пријател, но ако не внимаваме, може да стане сериозен непријател, особено за децата. Со соодветна заштита, навремена грижа и со информираност летото може да биде безбедно и забавно за целото семејство. Затоа, спакувајте ги кремот, капата и водата и уживајте во безгрижни, но безбедни денови под сонцето, за „Мама не си сама“ вели педијатарот Зотовска од ПЗУ „Д-р Светлана Зотовска“ и споделува корисни пораки за сите родители:
Доењето овозможува побрзо разбирање на потребите на бебето преку таа невербална комуникација
Кај најголем број бебиња првите запчиња почнуваат да никнуваат на возраст од околу 6-7 месеци.
Паметните телефони, телевизијата и таблетите во овој период се пречка за развојот на детето.